Драгомир Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Драгомир Младенов Петковски ( 1922 во Драгоманце, Кумановско1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил мобилизиран во бугарската војска, но чекал погоден момент за да избега од неа и да им се приклучи на партизаните. Во 1944 годнна, му се укажал погоден момент и избегал од Враца каде што се наоѓала неговата единица и на 6 септември истата година, стапил во Третата македонска ударна бригада. Во борбените акции како пушкомитралезец бил бестрашен и важел за одличен стрелец. Учествувал во акциите кај Велес, Идризово и други места. Кон крајот на октомври 1944 година, бил учесник во крвавата борба против балистите и Германците во околината на селото Шишево. Со својот пушкомитралез успеал да уништи голем број балисти, но тешко бил ранет во левото колено. И покрај тешките рани се борел сè додека имал муниција, до последните минути од неговиот живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 231. На |first= му недостасува |last= (help)