Домен (биологија)
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |


Во биолошката таксономија, домен, натцарство или империја е највисокиот слој (таксономска категорија) на организми, по позиција повисок од царството. Според тридоменскиот систем на Карл Воуз, воведен во 1990 г., Дрвото на животот се состои од следниве три домена: Археи, Бактерии и Евкариоти. Распоредот на таксоните е одраз на фундаменталните еволутивни разлики помеѓу геномите.
Постојат и поинакви класификации на живиот свет:
- Дводоменски систем или наддоменски систем, каде врвни слоеви се домените Прокариоти (или Монери) и Евкариоти.
- Шестте царства, каде врвни слоеви се Евбактерии, Архебактерии, Протисти, Габи, Растенија и Животни.
Бидејќи овие групирања пред сѐ зависат од анализата на податоците за генетските низи и кладистиката, се очекуваат и други предлози.
Поврзано
[уреди | уреди извор]