Прејди на содржината

Ред (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Парворед)
Разните нивоа на системот на научна класификација.ЖивотДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид
Разните нивоа на системот на научна класификација.

Зголеми
Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Во биолошката класификација на организмите, ред (лат. ordo) е таксономски ранг и таксон. Други застапени рангови се животот (живиот свет), доменот, царството, коленото, класата, семејството, родот и видот. Родот е сместен помеѓу класата и фамилијата, и има свои надрангови: надред и магноред, како и свои подрангови: подред, инфраред и парворед.

На пример, оревот и хикоријата ѝ припаѓаат на фамилијата Ореви (Juglandaceae), која спаѓа во редот Букои (Fagales).

Определувањето на членовите на редовите е работа на таксономите. Честопати се поставува прашањето дали воопшто да се признае некој ред. Во голем број случаи таксономите не го делат истото мислење. Бидејќи не постојат строго утврдени правила што мора да се следат при опишувањето или признавањето на редовите, некои таксони се признаени насекаде, додека пак други наоѓаат поддршка мошне ретко.

Кај некои организми се користат доследни наставки за да се означи дека таксонот е ред. Во научните називи на птиците и рибите се користи латинската наставка -(i)formes (соодветна на македонската наставка „-видни“), но ова не е случај кај цицачите и без‘рбетниците. Редовите на цевчести (васкуларни) растенија се означуваат со наставката -ales (за множина, но понекогаш и придавни наставки како „-сти“, „-ни“ и др).

Хиерархија на ранговите

[уреди | уреди извор]
Назив Значење на префиксот Пример
Магноред од magnus = голем, важен Узенгични (Epitheria)
Надред Натпримати (Euarchontoglires)
Ред Примати (Primates)
Подред Сувоносни мајмуни (Haplorrhini)
Инфраред од infra = ниж Вистински мајмуни (Simiiformes)
Парворед од parvus = мал, ситен Тесноносни мајмуни (Catarrhini)

Во нивниот труд за класификацијата на цицачите (1997), научниците Мекена и Бел користат уште две клади помеѓу надред и ред: „велеред“ (grandorder) и мироред (mirorder).[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. McKenna, M.C. & Bell, S.G. (1997), Classification of Mammals, New York: Columbia University Press, ISBN 978-0-231-11013-6