Домашен робот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Домашна правосмукалка „Roomba“ од првата генерација

Домашен робот (куќен робот или домобот) е робот кој се користи за извршување на задачи во домаќинството. Досега постојат само малку вакви роботи, и тоа со ограничени можности, но писателите научна фантастика и некои стручњаци сепак тврдат дека ваквите работи ќе претставуваат секојдневие во не така далечна иднина. Во 2006 г. Бил Гејтс напишал статија за реномираното списание Scientific American со наслов „Робот во секој дом“.[1]

Многу домашни роботи се користат за вршење на основни секојдневни задачи во домаќинството. Вакви се Electrolux Trilobite, Roomba и роботот-правосмукалка на Neato Robotics заснован на системот за истовремено пронаоѓање и шематско планирање (SLAM). Постојат и забавни роботи, како HERO (1980-ти) и AIBO. Највеќето домашни роботи се едноставни, но некои се поврзуваат на безжична домашна мрежа (WiFi) или пак со „паметни околини“ и имаат висок степен на самостојност. Во 2006 г. имало околу 3.540.000 услужни роботи, наспроти 950.000 индустриски роботи истата година.[2]

Домашни роботи во производство[уреди | уреди извор]

Домашни задачи[уреди | уреди извор]

Носење и преместување[уреди | уреди извор]

Пренесувањето на предмети во домот е главен елемент на домашната роботика, бидејќи роботите ги поврзуваат наменски постапки, преместуваат предмети (на пр. алишта од соба во перална машина или чаши од маса во машина за садови). Ова роботите го постигнуваат со помош на шематско планирање (англ. robotic mapping). Еве некои примери за такви роботи:

Работа на отворено[уреди | уреди извор]

Автокосилка од Husqvarna

Забава[уреди | уреди извор]

  • Роботи-играчки
    • Aibo од Sony - робот-куче како домашен миленик. Се користи и во универзитетите за роботски фудбалски натпревари во лигата RoboCup
    • Robosapien мал далечински-управуван човековиден робот
    • Furby - најпопуларната играчка-робот во 1998 г.
    • Spykee - забавен шпионски робот

Друштвени[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бил Гејтс (јануари 2007). „Робот во секој дом“. Scientific American. Посетено на 19 септември 2010. Наводот journal бара |journal= (help) (англиски)
  2. Ерико Гуицо (21 март 2008). „10 статистики за роботите што треба да ги знаете, но ве мрзело да ги прогуглате“. IEEE Spectrum. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 19 септември 2010. (англиски)
  3. Роботски правосмукалки 49xx (англиски)
  4. picabot.com.my[мртва врска] (англиски)
  5. SungTung, Тајван (англиски)
  6. Роботот што дипли крпи - видеоснимка од БиБиСи (англиски)
  7. Робот ги префрла чиниите од масата во машината за садови Архивирано на 7 септември 2008 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Робот Инфо Архивирано на 25 ноември 2007 г. - новости од роботиката, книги, видеоснимки, списанија, форуми и производи (англиски)