Доксим Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Доксим Михајловски-Крцкоски бил србоман, деец и војвода на Српскиот комитет на четничката акција.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во Галичник. Богословско-учителска школа завршил во Призрен. До крајот на 1904 година бил српски учител во родниот крај. Со навлегувањето на српските чети во Македонија се вклучил во Српскиот комитет на четничката акција и учествувал во Битката кај Челопек.

Потоа заминал за Света Гора и станал управник на манастирски имот. Повторно се вратил во Македонија и се оженил. Станал управник на српско училиште во Гевгелија, а потоа се занимавал со трговија по Грција и Малта. Грчкиот и турскиот јазик ги научил како дете, а подоцна ги научил арапскиот и италијанскиот.

По започнувањето на Балканските војни основал чета и се приклучил на војводата Вук. Се борел против Турците на Козјак. Загинал на вториот ден од Битка кај Куманово на 24 октомври 1912. Погребан е на едно ритче над селото Младо Нагоричане. Во 1927 година посмртните остатоци му се префрлени и закопани во гробница во својот роден крај Галичник.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000