Добренски манастир
| Добренски манастир | |
|---|---|
| Успение на Пресвета Богородица | |
| Παναγίας Δοβρά | |
Поглед на манастирот | |
![]() | |
| 40°32′46″N 22°10′37″E / 40.54611°N 22.17694°E | |
| Место | Добра кај Туркохор, Берско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | споменик на културата |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Берско |
| Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Добренски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά, Богородица Добра) — манастир кај селото Туркохор, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Наречен е по селото Добра, уништено во 1822 г.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа југозпадно од Туркохор и на 3 км северно од градот Бер. Сместен е на југоистчните падини на планината Каракамен. На пописот од 2011 г. манастирот имал 28 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот е еден од најстарите во регионот. Точната година на основање е непозната. Се смета дека настанал во XII век, но во документите за првпат се спомнува дури во XVII век. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е ограбен и запален од Османлиите, а игуменот Герасим е обесен. Тамошното село Добра, родно место на револуционерот Атанас Караташо, е ограбено и опустошено. Црквата е обновена во 1844 г.[1]
Со грчкото освојување на Македонија по Балканските војни, во 1926 г. името Добра е преведено во Кали Панагија (Добра Богородица).[5] Во 1950 г. на територијата на манастирот е изградено и сиропиталиште, кое работело сè до 1986 г. Во 1995 г. манастирот е обновен со своја обител. Старата црква — трикорабна базилика со дрвен покрив и егзонартекс, е реставрирана.[2] Во манастирот работи и училиште за византиска хагиографија.[1][6][7]
На 20 ноември 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[8]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 31 мај 2014.
- 1 2 „Monasteries and Pilgrimages“. Discover Veria. Посетено на 9 август 2016.
- ↑ „Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ Матковски, Александар (1983). Отпор на Македонија во времето на турското владеење, том 4. Скопје: Мисла. стр. 751.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Ιερά μονή Παναγίας Δοβρά“. Архивирано од изворникот на 31 мај 2008. Посетено на 19 јуни 2008.
- ↑ „Ιερά μονή Παναγίας Δοβρά“. Архивирано од изворникот на 12 мај 2008. Посетено на 19 јуни 2008.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/23794/408/22-7-1991 - ΦΕΚ 954/Β/20-11-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-07-13. Посетено на 26 декември 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Добренски манастир на Ризницата ?
