Дискретниот шарм на буржоазијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дискретниот шарм на буржоазијата (француски: Le charme discret de la bourgeoisie) - француски филм од 1972 година, во режија на Луис Буњуел. Главните улоги ги толкуваат: Фернандо Реј, Пол Франкор, Делфине Сејриг, Буле Огие, Стефани Одран, Жан-Пјер Касел и Жилиен Берто, а мала улога има и Мишел Пиколи. Во 1973 година, филмот ја добил наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, а следната година и две награди на БАФТА.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се раскажува за кошмарите на неколку пријатели кои постојано се обидуваат да се сретнат на заедничка вечера. Дон Рафаел Акоста (го игра Реј) е амбасадор на измислената јужноамериканска држава Миранда, кој шверцува кокаин што им го продава на своите пријатели Франсоа Тевено (го игра Франкор) и Анри Сенешал (го игра Касел). Кога амбасадорот и неговите пријатели пристигнуваат во домот на Сенешал, дознаваат дека се работи за недоразбирање, зашто вечерата била закажана за утредента. Тие ја земаат со себе сопругата на Анри, Алис Сенешал (ја игра Одран) и одат во ресторан, во кој штотуку умрел сопственикот, така што нивниот обид да вечераат пропаѓа. Следниот пат, кога друштвото повторно доаѓа во домот на Сенешал, домаќините бегаат низ прозорец за да водат љубов во градината. Така, гостите си заминуваат, а во нивната куќа пристигнува бискупот Дуфур (го игра Берто) кого го вработуваат како градинар. При следната заедничка вечера, во домот на Сенешал упаѓа група војници кои се наоѓаат на воена вежба, а полковникот ги поканува присутните на вечера кај него. Кога друштвото пристигнува во домот на полковникот, наеднаш гледаат дека се наоѓаат на театарска сцена, а публиката ги исвиркува. Сепак, сето тоа е само сонот на Анри Сенешал. Потоа, за време на вечерата кај полковникот, домаќинот го навредува амбасадорот, кој вади пиштол и го убива. Повторно, сето тоа е само сонот на Франсоа Тевено. Во меѓувреме, бискупот оди кај еден сиромашен човек кој е на умирање и таму дознава дека тој е градинарот кој ги отрул неговите родители. Притоа, бискупот зема пушка и го убива човекот. За време на следната вечера кај семејството Сенешал влегува полицијата, ги апси сите присутни и така тие завршуваат в затвор. Сепак, по интервенција на министерот, нив ги ослободуваат. Најпосле, при последната заедничка вечера, во куќата влегуваат терористи кои ги убиваат присутните. Сепак, сето тоа е само сонот на амбасадорот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]