Дервиш Хима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дервиш Хима
Dervish Hima.jpg
Лични податоци
Роден(а) 1872
Охрид, Отоманско царство (денес Македонија)
Починал(а) 13 април 1928(1928-04-13) (воз. 56 г.)
Тирана, Кралство Албанија
Националност Албанија Албанец
Занимање издавач, политичар
Вероисповед Ислам

Дервиш Хима (албански: Dervish Hima) — албански политичар од XIX век. Како издавач и револуционер патувал од земја во земја за да ја промовира Албанија во статии и памфлети.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Број 106 на егзархискиот весник „Вести“, четврток, 20 мај 1910 г., интервју со Дервиш Хима

Роден е како Ибрахим Мехмет Наџи (албански: Ibrahim Mehmet Naxhi) во 1872 година во Охрид, тогаш во рамките на Отоманската империја, денешна Македонија. Основно образование завршил во Охрид, а средно во Солун. Подоцна се запишал на Вишото воено-медицинско училиште во Истанбул, меѓутоа прекинал да ја следи наставата само после две години. Бил уапсен од османлиските власти заради говор, кој го одржал во Скадар, а се однесувал на независноста на Албанија. Во Букурешт го уредувал периодичното издание од краток век Pavarësia e Shqipërisë („Независноста на Албанија“), кое се појавило во 1898 година на албански, француски и романски јазик. Во октомври следната година, бил приморан да ја напушти Романија и да замине за Рим, каде заедно со Мехмед-беј Фрашери соработувале на двонеделникот Zën’i Shqipënisë („Гласот на Албанија“), кој се објавувал на француски и албански јазик. Во 1903 година, Дервиш Хима го издавал двонеделникот L’Albanie („Албанија“), во Женева, кој подоцна се печател во Брисел како месечник. Во 1909 година тој се наоѓал во Истанбул, каде го објавува неделникот Shqipëtari-Arnavud („Албанец“). Во меѓувреме пишувал и објавувал и книги. Тој е еден од потписниците на Декларацијата за независност на Албанија (албански: Deklarata e Pavarësisë, Shpallja e Pavarësisë) во 1912 година.[2]

Четата на Дервиш Хима

Имал придонес за зближувањето на македонските и албанските чети против новата српска власт и учествувал во локалното Охридско-дебарско востание од 1913 година.

Дервиш Хима умира во Тирана во 1928 година и бил погребан со високи почести. Негово име носи и улица во Скопје.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Elsie. „Historical dictionary of Albania“ (PDF) ((англиски)). конс. 30 јули 2012. 
  2. "History of Albanian People" Albanian Academy of Science.ISBN 99927-1-623-1
  3. Кратка биографија на http://www.press24.mk посетен на 9 мај 2012