Прејди на содржината

Даниела Иваноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даниела Иваноска
Родена 1978 (воз. 4748 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Даниела Иваноска (родена во 1978 година во Скопје) — македонска театарска филмска и телевизиска глумица која работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Даниела Ивановска (родена како Стојковска) е родена во Скопје. Таа е омажена за глумецот Зоран Иваноски со кого го имаат синот Лука.[1]

Професионалната кариера на Иваноска (тогаш, со презимето Стојковска) ги направила во Скопје, играјќи во неколку претстави на Македонскито народен театар, како: „Соларис“, „Големите очекувања“, „Делириум за двајца“, „Слепци“, „Црнила 005“. Подоцна, таа се вработила во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде од 2008 наваму имала улоги во речиси сите претстави.[1]

Во ноември 2014 година, на Меѓународниот фестивал на глумците во Никшиќ, Црна Гора, Иваноска ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога, играјќи го ликот на Алтана во претставата „Буре барут (драма)“, во режија на Наташа Поплавска.[2]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
2005Бал-кан-кан ТВ-филмСопругата
2005Боли ли ТВ-филм
2013Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија
2014Македонски народни приказни ТВ-серија
2015Три во едно ТВ-филм
2015Лазар ТВ-филмМилка
2019Втора шанса ТВ-филмЕлеонора
2019Дедо и внук ТВ-филмБилјана
2020Зоки Поки ТВ-серијаИвана
  1. 1 2 Сребра Ѓорѓијевска, „Театрите се однесуваат како секти“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
  2. „Награда за глумицата Даниела Иваноска на фестивалот во Никшиќ“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 19.