Грмечка корида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податотека:Korida.jpg
Детал од Грмечка корида
Грмечка корида на поштанска марка од Југославија од 1987година

Грмечка корида е назив за традиционални борби на бикови, кај крајишките Срби,[1] од Грмеч. Борбите традиционално се одржуваат секоја година во првата недела после Илинден на (2 август). Денес, оваа манифестација е во рамки наИлинденските свечености, а се организираат со помош на локалната заедница во Оштра Лука и Владата на Република Српска. Во 2015 година одржана е 243-та корида по ред.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако се смета дека оваа српска народна светковина е стара најмалку два века, се претпоставува дека Грмечка корида за првпат во печатена форма се споменува во расказот „Јаблан” од 1902 година од српскиот автор од овој крај, Петар Кочиќ, и тоа во време на австроунгарската окупација.

Србите од погрмечките села традиционалните борби на бикови до 1992 година ги одржувале на Меѓеѓе брдо (Меѓеѓе ридот) кај Саница, во денешна федерална општина Сански Мост. Во теком на војната коридата стишува, а погрмечките Срби ги напуштаат огњиштата и оваа манифестација ја продолжуваат во 1996 година на Поповиќ брдо, Општина Оштра Лука кое се наоѓа на територија на Република Српска.[2]

Расказот „Јаблан” 1902:

Биковите почнаа да извикуваат, да копаат со предните нозе, да се занесуваат, да се ребрат, додека силно не ударија со огови од рогови. Настанува тресок, лом! Земјата се рони, свиткува под нив. Лујо трепери, се плаши. Секој нерв му е разигран. Ги испакнал крупните очи, не трепка. Го следи секое движење; секој удар одекнува во разиграното срце. Се стиснал, се наведнал— би му помогнал на Јаблан да може. Му се засенија очите. Само наѕира како нешто пред него се врти, извива, свива. Рудоња напаѓа со целата сила.
— Потфати го, Јабо! — викна Лујо, како надвор од себе.
Јаблан, стар, лукав мејданџија, нападна како ѓоја на десно колено на предната нога, па го потфати Рудоња под вратот.
- Не дајте, луѓе, го повреди волот! викнапреплашено кнезот.
Под вратот на Рудоња бликна голем млаз крв. Лујо задолига. Јаблан стои поносно на мегданот и рика, а планинските врвови силно — силно одекуваат.[3]


Категории[уреди | уреди извор]

Борбите на бикови се поделени во две категории, од 500 до 800 кг и оние преку 800 кг. Победникот најчесто освојува и парична награда.

Илинден и грмечки панаѓур[уреди | уреди извор]

Илинден е христијански празник кој се слави на 20 јулиа по јулијанскиот календар, односно 2.август по грегоријанскиот календар. Посветен е на светиот пророк Илија.

Собирањата на панаѓурите во традиционалната култура имале значајна функција на културна размена помеѓу жителите на блиските пределни целини. Грмечка корида и денес има значаен одзив во селските и градските заедници од крајишкото подрачје.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Печат (47,46 мин)“ (српски). Радио телевизија Републике Српске. 25 август 2011. Посетено на 29 август 2011.
  2. Радио телевизија Републике Српске: Грмечка корида код Оштре Луке, 7 август 2011. Предлошка:Ср
  3. Пројекат Растко: Петар Кочић: Јаблан Предлошка:Ср

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]