Гоце Делчев Тодев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гоце Делчев Тодев
Goce Delchev Todev.jpg
Претседател на НСП
На должноста
1 март 2016 – денес
Лични податоци
Роден(а) Гоце Тодев
14 јули 1969 г.
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец

Гоце Делчев Тодев (родно име Гоце Тодев, роден на 14 јули 1969 година во Скопје, СР Македонија) — актуелен претседател на Независниот синдикат на полицијата, борец за правата на полициските службеници во Македонија.

Во 2013 година се кандидирал за градоначалник на Општина Гази Баба како кандидат на Социјалдемократската унија[1].

По 1 година од Поплавите во Македонија, Македонскиот полициски синдикат добил донации кои биле наменети за полициските службеници загрозени од поплавите. Според извори на Независниот синдикат на полицијата, делумно или целосно не биле исплатени истите пари[2]. Поради таквото обвинување, Македонскиот полициски синдикат најавил тужба против Тодев како претседател на Независниот синдикат[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „И Гоце Делчев се кандидира за градоначалник“. MK News (македонски). 9 март 2013. конс. 4 јануари 2018. 
  2. „Каде се парите за поплавените полицајци?“. 24 Вести (македонски). 6 август 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  3. „МПС најави тужба против Гоце Делчев Тодев“. 24 Вести (македонски). 7 август 2017. конс. 4 јануари 2018.