Поплави во Македонија (2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Невреме во северозападна Македонија
Дата6 август 2016
МестоМакедонија
Мртви22
Проценета штетанепознато

Поплави во Македонијавременска непогода која на 6 август 2016 година го зафатило најпрвин Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски Регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен,[1] а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.[2]

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново[3] од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.[4]

На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираат дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август.[2] Граѓаните, преку друштвените мрежи се организирале за да отворат пунктови за помош на настраданите.[5] На вонредна седница Владата на РМ прогласила кризна состојба во регионот на Скопје и Тетово, во траење од 15 дена, а 8 август 2016 го прогласила за ден на жалост на целата територија на Македонија.[6][7]

Шест дена по поплавата, на 12 август, во Општина Аеродром почнала дезинфекција на исчистените домови, кои биле зафатени од поплавата.[8]

Жртви[уреди | уреди извор]

Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски Регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице.[9] Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.[9]

Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко.[10] Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.[11]

Меѓународни реакции[уреди | уреди извор]

  • Австрија Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц додели помош од 500.000 евра на македонскиот Црвен Крст.[12]
  • Бугарија На 8 август екипи од бугарски пожарникари и спасувачи пристигнуваат во Скопје за да им помогнат на настраданите.[13]
  • Германија Амбасадата на Германија во Македонија изразила сочувство за жртвите од поплавите во скопско и тетовско.[14]
  • Грција Министерството за надворешни работи на Грција изразило сочувство до Македонија за починатите во поплавите во Скопје.[15]
  • Европска Унија Еврокомесарот Јоханес Хан изразил сочувство до семејствата на жртвите од невремето во Македонија, објавувајќи порака преку друштвената мрежа Твитер.[16]
  • Косово Косовскиот премиер Иса Мустафа изразил сочувство до семејствата на настраданите во Скопје и искажал подготвеност на неговата земја да ѝ помогне на Македонија.[17]
  • САД Обединето Кралство Амбасадорите на САД и Велика Британија во Македонија преку Твитер искажале сочувство за семејствата на загинатите и за сите погодени од невремето.
  • Србија Српскиот премиер Александар Вучиќ до премиерот Емил Димитриев испратил телеграма со сочувство.[18] Српското МВР испратило околу 20 полицијаци од пожарникарско-спасувачките единици, теренски возила и камиони со опрема и пумпи, помош во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите.[19]
  • Украина Амбасада на Украина во Македонија изразува длабоко сочувство на семеjствата на загинатите и настраданите за време на невреме.[20]
  • Холандија Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс изразила сочувство до граѓаните на Македонија.[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Во Скопје наврнаа 93 литри на метар квадратен за 24 часа“. ПлусИнфо. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  2. 2,0 2,1 „Над 800 громови и молњи удрија во Скопје“. Нова ТВ. Скопје. 6 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  3. Дувњак, Гордана (7 август 2016). „Незапаметено невреме oднесе најмалку 22 животи“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 8 август 2016.
  4. „(ВИДЕО) Сингелиќ и Стајковци: Поплавени домови, оштетени возила“. Нова ТВ. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  5. „20 загинати во невремето, се отвораат пунктови за помош на настраданите“. Сакам Да Кажам. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  6. „(ВИДЕО) Утре ден на жалост“. А1он. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  7. „Ден на жалост во Македонија, прогласена кризна состојба“, „Фактор“, 8 август 2016.
  8. Почна процес на дезинфекција на исчистените домови во Општина Аеродром
  9. 9,0 9,1 С., А. (9 август 2016). „Жени и изнемоштени граѓани се најмногубројни меѓу жртвите“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 9 август 2016.
  10. С., А. (9 август 2016). „Уште едно дете загинало во поплавите, се трага и по едно бебе“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 9 август 2016.
  11. „Тројца починати од срцев удар поради загуба на најмили или имот“. ТВ 21. Скопје. 9 август 2016. Посетено на 10 август 2016.
  12. „Австрија ќе даде 500.000 евра помош на македонскиот Црвен крст“. Фокус. Скопје. 10 август 2016. Посетено на 10 август 2016.
  13. Българските огнеборци вече издирват хора в Македония. Весник 24 часа.
  14. „Сочувство за жртвите и повредените од Амбасадата на Германија“. Нова ТВ. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  15. „Грција изрази сочувство за жртвите од поплавите“. Meta.mk. Скопје. 8 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  16. „Хан изрази сочувство и понуди помош“. ПлусИнфо. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  17. „Косовскиот премиер изрази сочувство и подготвеност за помош“. МИА. Скопје. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  18. „Вучиќ: Србија е подготвена да и' помогне на Македонија“. Радио Мрежа Канал 77. 7 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  19. „Српски специјалци со голем број на опрема и техника тргнаа кон Скопје да помогнат“. 21 ТВ. 8 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  20. facebook. 8 август 2016 https://www.facebook.com/739150302771818/photos/a.745264732160375.1073741828.739150302771818/1201524429867734/?type=3&theater. Посетено на 8 август 2016. Отсутно или празно |title= (help)
  21. „Сочувство од министерот за надворешни на Холандија до Македонија“. Нова ТВ. Скопје. Посетено на 10 август 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]