Независен синдикат на полицијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Независен синдикат на полицијата
Nsp-logo.png
Основана1 март 2016 г.
СедиштеУл. „Финска“, бр. 19, Скопје, Македонија Македонија
ПретседателГоце Делчев Тодев
Мреж. местоwww.nsp.com.mk

Независниот синдикат на полицијата (НСП) е синдикат на сите полициски службеници во Македонија. Целта на синдикатот е остварување на економските, социјалните и други права на работниците во полицијата, загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Прв и актуелен претседател на синдикатот е Гоце Делчев Тодев.

Активности[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2017 година поради наводно намерно недозволување на одржување состанок на синдикатот со вработени во СВР Струмица за нивно запознавање со работата на синдикатот и формирање на негов огранок, бил обвинет тогашниот началник на секторот, Ѓорѓи Божинов, и против него и против други членови на администрацијата на СВР Струмица била поднесена кривична пријава[1].

По 1 година од Поплавите во Македонија, Македонскиот полициски синдикат добил донации кои биле наменети за полициските службеници загрозени од поплавите. Според извори на Независниот синдикат на полицијата, делумно или целосно не биле исплатени истите пари[2]. Поради таквото обвинување, Македонскиот полициски синдикат најавил тужба против Тодев како претседател на Независниот синдикат[3].

Членови на синдикатот се собираат на протест во Струмица за поддршка на полицаецот.

На 12 август полициска потера за џип управуван од малолетник завршила трагично кај Градската капела во Струмица откако полицаец, наводно во самоодбрана испукал куршум кој погодил двајца од четворица малолетници кои биле во џипот, пријавени дека извршиле кражба на чамец од браната Мантово кај Радовиш[4]. Поради демантирање на тоа дека полицаецот постапил погрешно, синдикатот организирал конвој кој започнал во Радовиш а истиот завршил на градскиот плоштад во Струмица[5].

Во ноември 2017 година синдикатот стапил во соработка со Министерство за труд и социјална политика како репрезентативен синдикат. По повод соработката, неколку членови на синдикатот заедно со претседателот наздравиле со чаша шампањ и најавиле крај на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Синдикатот со „кривична“ за началникот на Струмичката полиција“. СтрумицаНет (македонски). 7 јули 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  2. „Каде се парите за поплавените полицајци?“. 24 Вести (македонски). 6 август 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  3. „МПС најави тужба против Гоце Делчев Тодев“. 24 Вести (македонски). 7 август 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  4. „Полицаец ранил две деца во Струмица“. Република (македонски). 12 август 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  5. „Протест на полицискиот синдикат во Струмица за поддршка и одбрана на полицаецот што рани две момчиња“. ТВ канал ВИС (македонски). 21 август 2017. конс. 4 јануари 2018. 
  6. „(Видео) Гоце Делчев со шампањ го најави крајот на УПОЗ и другите полициски синдикати“. Макфакс (македонски). 9 ноември 2017. конс. 4 јануари 2018.