Господ постои, името ѝ е Петрунија
| Господ постои, името ѝ е Петрунија | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Теона Стругар Митевска |
| Сценарист | Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ |
| Главни улоги | Зорица Нушева Лабина Митевска Стефан Вујисиќ Суад Беговски Симеон Мони Дамевски Петар Мирчевски Виолета Шапковска Бајруш Мјаку Стојан Арев Владимир Тулиев Страшо Милошевски |
| Жанр | драма |
| Премиера | 2019 |
| Времетраење | 100 мин. |
| Земја | Македонија |
| Јазик | македонски |
Господ постои, името ѝ е Петрунија — македонски филм од 2019 година, работен по вистинит настан што се случил на Водици во Штип во 2014 година.[1]
Режисер на филмот е искусната и легендарна Теона Стругар Митевска, која се јавува како истовремен сценарист заедно со Елма Татарагиќ.
Овој филм е првиот македонски филм кој влегол во службена конкуренција на Берлински филмски фестивал и во борба за Златна мечка, а освен тоа има учество на неколку други и значајни меѓународни филмски фестивали. Најголемата награда која ја има добиено е ЛУКС наградата на Европски парламент.
Филмот трае 100 минути и е во македонско, хрватско, француско, белгиска копродукција.
Содржина
[уреди | уреди извор]Петрунија е 32-годишна девојка која сè уште живее со своите родители и не е вработена.
Одејќи на интервју за работа за време на Водици ќе се вмеша во група мажи кои ќе скокаат по крстот и ќе го фати по што ќе настане голема збрка.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Зорица Нушева | Петрунија |
| Лабина Митевска | Славица |
| Стефан Вујисиќ | Дарко |
| Суад Беговски | Попот |
| Симеон Мони Дамевски | Милан |
| Петар Мирчевски | Стојан |
| Рујиш Беговска | |
| Страшо Милошевски | Офицер |
| Владимир Тулиев | Шанкер Стефан |
| Виолета Шапковска | Васка |
| Бајруш Мјаку | Обвинителот |
| Илија Волчески | Лут човек 1 |
| Стојан Арев | Свештеник 2 |
| Никола Кумев | Васко |
| Џевдет Јашари | Камерман |
| Кире Ацевски | Професорот |
| Пеце Ристевски | Полицаец |
| Елица Арева | Жена |