Гордоста на Раткаеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гордоста на Раткаеви
Жанрдрама, теленовела, историска
Создадена одЈелена Велјача Јелена Свилар
УлогиБожидар Алиќ
Сања Вејновиќ
Јанко Поповиќ - Волариќ
Маријана Микулиќ
Земја на потеклоХрватска
Првичен јазиксрпскохрватски
Бр. на епизоди180
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаХрватска радиотелевизија
Првично прикажување8 октомври 2007 – 16 јуни 2008
Надворешни врски
Мрежна страницаponos-ratkajevih.ava.hr

Гордоста на Раткаеви е историска хрватска теленовела. Серијата започна со снимање на 10 септември 2007, во загорскиот дворец Милјан и Кумровец, близу местото Бизјак. Хрватската продуцентска куќа Ава Продукција за оваа серија вложи огромна сума на пари, како и преубави локации, и одлична глумска екипа. Дејството на серијата се одвива помеѓу 1938 и 1948 за време на Втората светска војна. Теленовелата во Хрватска премиерно со прикажување започна на 8 октомври 2007, а кај нас премиерно со прикажување на 12 ноември 2007 год. на Канал 5 Телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Историска ТВ- новела направена во 180 епизоди. Приказната на серијата се одвива во најтурбулентните периоди на хрватската и југословенската историја, во периодот од 1938. до 1948. година, а ги следи животите на едно благородничко хрватско семејство, од неговото предвоено воздигање, па сè до после Втората светска војна, за време на која дојде до промена на државното уредување, пропаѓање на благородништвото и корените промена на сите дотогаш воспоставени општествени вредности. Во фокусот на настаните се наоѓа грофовската фамилија Раткај и нејзиниот живот во семејниот круг. Гроф Карло Раткај, успешен хрватски индустријалец, а подоцна и политичар, сопственик е на водечката фабрика за слатки во Кралството Југославија и само навидум е главата на семејството. Вистинска господарка е неговата мајка, грофицата Антонија, единствениот преживеан претставник на вистинското хрватско благородништво. Нејзините внуци, Бела и Крсто прелесно се носат со забрзаните промени кои ги носат политичките ветрови на Европа, додека нивната мајка, младата грофица Вероника во сето тоа не се снаоѓа. Приказната започнува со нивната преселба од Загреб на семејниот имот во околината на Бизјак, и повторната средба со Јосип Јуриќ, познат произведувач на алкохолни пијалаци, со кој Вероника во младоста била свршена, но нивната венчавка засекогаш ја одложила Првата светска војна во која Јосип е прогласен за мртов. Вечниот судир на семејствата Раткај и Јуриќ, предметот на кој се темели оваа приказна: љубомора, завист, различната имотна состојба, општествената положба и недозволената љубов меѓу младиот наследник Крсто Раткај и убавата ќерка на Јосип, Хелена, во која освен родителите се заплеткува и судбината. Многубројните ликови се вовлекуваат во животите членовите на овие две семејства и темелно и неповратно ги менува, засилувајќи ги или уништувајќи ги. Лажни пријатели, деловни партнери, офицери, шпиони, свештеници, љубовници, политички противници и лихвари се само некои од нив. Контактите меѓу ликовите се остваруваат на релација село – град (Бизјак – Загреб), со што јасно се прикажуваат културолошките и идеолошките разлики меѓу граѓанството и селаните, богатите и сиромашните, благородниците и работниците, војската и цивилите, усташите и комунистите, верниците и атеистите, сè до дека воспоставениот комунистички режим со декрет не воведе целосна еднаквост. Нашите бројни ликови низ серијата се обидуваат да се носат со сите овие радикални промени кои им ги носи едно тешко и непредвидливо време на политички и воени превривања.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Божидар Алиќ Карло пл. Раткај
Сања Вејновиќ Вероника пл. Раткај
Јанко Поповиќ - Волариќ Крсто пл. Раткај
Маријана Микулиќ Изабела (Бела) пл. Раткај
Ванеса Радман Лиса Кохен
Љубица Јовиќ Грофица Антонија Раткај
Зијад Грачиќ Јосип Јуриќ
Ивана Боланча Хелена Јуриќ
Александар Среќковиќ Немања Лазаревиќ

Гордоста на Раткајеви на Балканот[уреди | уреди извор]

Хрватска: ХРТ1
Македонија: Канал 5 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Црна Гора: Пинк М
Босна и Херцеговина: Пинк БХ