Големиот диктатор (филм од 1940)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Големиот диктатор (англиски: The Great Dictator) - американски филм од 1940 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Џек Оуки, Реџиналд Гардинер, Хенри Дениел, Били Гилберт и Полет Годар.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Постерот за „Големиот диктатор“

За време на Првата светска војна, еден сиромашен еврејски бербер (го игра Чаплин) служи како обичен војник во војската на Томанија. Тој спасува еден пилот, Шулц (го игра Гардинер) на томанското воздухопловство, но притоа ја повредува главата, поради што го губи сеќавањето. По војната, во Томанија доаѓа на власт диктаторот Аденоид Хинкел (го игра Чаплин), кој обожува големи и потресни говори, иако во суштина се работи за многу несигурен и плашлив човек. По излегувањето од болницата, берберот повторно започнува да работи во својот дуќан што се наоѓа во еврејската населба. Додека војниците на Хинкел го обележуваат неговиот дуќан како еврејски, тој започнува тепачка со нив, при што му помага убавата, сиромашна Хана (ја игра Годард). Неволјите на берберот со војниците продолжуваат и понатаму, но во една прилика, кога војниците сакаат да го обесат, случајно поминува високиот офицер во томанската армија, Шулц (го игра Гардинер), кој го препознава својот спасител. Тогаш на берберот му се враќа сеќавањето и тој го препознава пилотот. Оттогаш, војниците започнуваат да се однесуваат пријатно кон берберот и кон Хана.
Диктаторот сака да ја финансира својата финансира својата армија со помош на еврејскиот банкар Херман Епштајн, но Епштајн одбива да му помогне поради теророт што го врши режимот на Хинкел врз еврејското население. Затоа Хинкел наредува уништување на еврејската населба, а Шулц паѓа во немилост кај диктаторот, зашто одбива да ја уништи населбата. Диктаторот наредува да го затворат Шулц, но тој успева да се скрие во населбата. Армијата започнува голем претрес и ги затвора Шулц и берберот, додека Хана и нејзините блиски пријатели успеваат да избегаат во соседната земја Остерич. За тоа време се заоструваат односите меѓу Томанија и Бактерија, којашто ја распоредила својата војска на границата со Остерич. Затоа, Хинкел го пречекува диктаторот на Бактерија, Бензино Напалони, при што меѓу нив доаѓа до остра кавга, но најпосле тие потпишуваат мировна спогодба. Шулц и берберот успеваат да избегаат од затворот, облечени во офицерски униформи, а војската започнува потрага по нив. По грешка, таа го апси диктаторот Хинкел, кој во близината лови патки, а свечено го пречекува берберот, мислејќи дека се работи за диктаторот. Тогаш, војската на Томанија влегува во соседната земја Остерич, каде народот им приредува воодушевен пречек. Диктаторот треба да одржи говор, а берберот (заменувајќи го диктаторот Хинкел) зборува за потребата од мир и напредок во светот и слога меѓу луѓето. На крајот на говорот, му се обраќа и на Хана.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]