Гдањско пристаниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гдањско пристаниште
Port Gdańsk
Gdansk port.JPG
Влезот кон Внатрешното пристаниште
Местоположба
ЗемјаПолска
МестоГдањск
Координати53°54′11″N 14°15′05″E / 53.90306° СГШ; 14.25139° ИГД / 53.90306; 14.25139
Податоци
СтопанисувачУправа на Гдањското пристаниште
СопсвеникВлада на Република Полска
Водна површина412,56 ха
Копнена површина653 ха
Големина1065.56 ха
Статистики
Годишна товарна тонажа 30 милиони тони (2013)
Годишен контејнерски обем 1.200.000 (2013)
Портал
portgdansk.pl
Контејнерски терминал
Поглед на Гдањското пристаниште од од главниот јарбол на едреникот „Фредерик Шопен“

Гдањско пристаниште (полски: Port Gdańsk) — пристаниште на јужниот брег на Гдањскиот Залив во градот Гдањск, Полска. Се протега долж устието на Висла наречено Мртва Висла и Пристанишниот Канал. Претставува едно од најголемите пристаништа на Балтичкото Море.

Пристаништето е поделено на два дела, наречени Внатрешен и Надворешен.

Внатрешно пристаниште[уреди | уреди извор]

  • Port of Gdansk Cargo Logistics S.A. — сеопшт стопанисувач со пристаништето товарни и складишни услуги за кабаста и општа стока
  • контејнерски терминал
  • траектни терминали
    • „Полферис“
    • „Вестерплате“
  • терминал за фосфати
  • терминал за течен и кабаст сулфур
  • терминал за овошје

Пристаништето има посебна опрема за товарни работи и инфраструктура, овозможувајќи работа со жито, ѓубрива, дрвена граѓа, руда, челик и контејнери, како и опслужување и поправка на на пловила од типот „ро-ро“.

Надворешно (Северно) пристаниште[уреди | уреди извор]

Северното пристаниште (Надворешно пристаниште) е сместено во подлабок дел, непосредно во Гдањскиот Залив. Тука се поправаат и опслужуваат големи бродови со носивост до 300.000 тони и надлегнатост до 15 м кои влегуваат во Балтичкото Море.

  • терминал за јаглен
  • Нафтопорт — терминал за сирова нафта, горива и огревни масла
  • терминал за течен нафтен гас (ТНГ)
  • длабок контејнерски терминал

Претовар[уреди | уреди извор]

  • 1978 — 27,7 милиони тони
  • 2000 — 16,5 милиони тони
  • 2001 — 17,8 милиони тони
  • 2002 — 17,4 милиони тони
  • 2003 — 21,3 милиони тони
  • 2004 — 23,3 милиони тони
  • 2005 — 23,3 милиони тони
  • 2006 — 22,4 милиони тони
  • 2007 — 19,8 милиони тони
  • 2008 — 17,8 милиони тони
  • 2009 — 18,9 милиони тони[1]
  • 2010 — 27,2 милиони тони[2]
  • 2011 — 25,3 милиони тони[1]
  • 2012 — 26,9 милиони тони[1]
  • 2013 — 30,0 милиони тони (рекорд)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°22′50″N 18°39′30″E / 54.38056° СГШ; 18.65833° ИГД / 54.38056; 18.65833