Гаспар Гистав Кориолис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гаспар Гистав Кориолис
Gaspard-Gustave de Coriolis.jpg
Гистав - Гаспар Кориолис
Роден 21 мај 1792(1792-05-21)
Париз, Франција
Починал 19 септември 1843(1843-09-19) (воз. 51 г.)
Националност Французин
Полиња математика, физика
Познат по Кориолисова сила


Гаспар Гистав Кориолис или Гистав Кориолис (21 мај 1792 – 19 септември 1843) — француски математичар и механички инженер. Најдобро познат е по својата работа за дополнителните сили кои се откриени во вртежниот појдовен систем. (Погледнете Кориолисов ефект). Кориолис е првиот кој го употребил терминот „механичка работа“ за пренос на енегијата која дејсвува на одредено растојание.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кориолис е роден во Париз во 1792 година. Во 1808 тој полагал приемен испит и се пласирал на второ место од сите суденти кои се запишале истата година, за да во 1816 година, стане учител во Политехничкото училиште, каде и ги правел експериментите за триење и хидраулика.

Во 1829 година, Кориолис го издал делото, „Калкулација на машинскиот ефект“ (Calcul de l'Effet des Machines), каде механиката била претставена на начин кој може лесно и ефикасно да се примени во индустријата. Во овој период, бил основан најточниот термин за кинетичката енергија, ½mv2, и нејзината поврзаност со механичката работа.

Во текот на следните години, Кориолис работел на проширување на терминот кинетичка енергија и работата на вртежните системи .[2] Првиот негов труд, „За начелото на кинетичката енергија во однос ан релативнитет движењења во машините“, (Sur le principe des forces vives dans les mouvements relatifs des machines) ,[3] бил прочитан пред Академијата на науките (Кориолис 1832 година). Три години подоцна било издадено и делото кое му ја донело славата,
„Равенки за релативното движење на системот на телата“).[4] Кориолисовите трудови не биле фокусиани на атмосферата, ниту пак вртежот на Земјата, во нив се зборувало за преносот на енергија во вртежните системи. Кориолис се задржал на објаснувањето на дополнителните сили откриени во вртежните појдовни системи, кои биле поделени во две категории.[5]

Во 1835, Королис го објавил математичкиот труд за судири на сфери: (Théorie Mathématique des Effets du Jeu de Billard), труд кој се смета за класика на оваа тема.[6][7]

Кориолисовото име започнало да се појавува во метеоролошката литература при крајот на XIX век, иако терминот „Кориолисова сила“ не бил употребен се до почетокот на XX век. Во денешницата името Кориолис се поврзува со метеорологијата, но сите големи откритија за општоти циркулирање и односот меѓу притисокот и ветровитите полиња биле направени без знаење за Гаспар Гистав Кориолис.

Кориолис бил и професор на Централната академија за уметност и производство во 1829 година. По смртта на Навје во 1836 година, тој го наследува неговото место за применета механика на Школата за мостови и патишта и неговото место во Академијата на науките.[8] Во 1838 година, го наследува и Дулонг како директор за студии на Политехничката школа.

Умрел во 1843 година на возраст од 51 година во Париз. Неговото име е едно од 72-те имиња на списокот од 72-те имиња изгравирани на Ајфеловата кула.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jammer, Max (1957). Concepts of Force. Dover Publications, Inc.. стр. 167; footnote 14. ISBN 0-486-40689-X. http://books.google.com/?id=CZtEBcmOe6gC&printsec=frontcover#PPA167,M1. 
  2. Charles Coulston Gillispie (2004). Science and Polity in France: The Revolutionary and Napoleonic Years. Princeton University Press. стр. 693. ISBN 0-691-11541-9. http://books.google.com/?id=k07JbSAa6wQC&pg=PA522&lpg=PA522&dq=%22%C3%89cole+des+Ponts+and+Chauss%C3%A9es%22. 
  3. G-G Coriolis. Sur le principe des forces vives dans les mouvements relatifs des machines. „J. De l'Ecole royale polytechnique“ том  13: 268–302. 
  4. G-G Coriolis. Sur les équations du mouvement relatif des systèmes de corps. „J. De l'Ecole royale polytechnique“ том  15: 144–154. 
  5. Rene Dugas (1988). translated by J. R. Maddox. уред. A History of Mechanics (Reprint of 1955 издание). Courier Dover Publications. стр. 374. ISBN 0-486-65632-2. http://books.google.com/?id=vPT-JubW-7QC&pg=PA374&dq=Coriolis+%22Academie+des+sciences%22. 
  6. Robert Byrne (1990). Byrne's Advanced Technique in Pool and Billiards. Harcourt Trade. стр. 49. ISBN 0-15-614971-0. http://books.google.com/?id=tA_v24zx7J8C&pg=PT64&dq=%22Gaspard-Gustave+Coriolis%22. 
  7. G Coriolis (1990). Théorie mathématique des effets du jeu de billard ; suivi des deux celebres memoires publiés en 1832 et 1835 dans le Journal de l'École Polytechnique: Sur le principe des forces vives dans les mouvements relatifs des machines & Sur les équations du mouvement relatif des systèmes de corps (Originally published by Carilian-Goeury, 1835 издание). Éditions Jacques Gabay. ISBN 2-87647-081-0. http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/bpt6k29318f.notice. 
  8. Ivor Grattan-Guinness (1990). Convolutions in French Mathematics, 1800-1840: From the Calculus and Mechanics to Mathematical Analysis and Mathematical Physics. Birkhäuser. стр. 1052. ISBN 3-7643-2238-1. http://books.google.com/?id=_GgioErrbW8C&pg=PA1265&dq=Coriolis+%22Academie+des+sciences%22. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • "Sur les équations du mouvement relatif des systèmes de corps" (Coriolis, 1831 & 1835), online and analyzed on BibNum [click 'à télécharger' for English version]