Прејди на содржината

Вуков сабор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вуков сабор
ЗачестеностСекоја година
Локација Србија Лозница
Тршиќ
Манастир Троноша
Првпат17 септември 1933
ПоддржувачЦентар за култура „Вук Караџиќ“ во Лозница
Град Лозница
Министерство за култура и информирање на Република Србија
Мрежно место
http://ckvkaradzic.org.rs/cir/manifestacij%D0%B0_vukov_sabor.html
Никола Медведев, Вуков сабор 1984 година (прв ред, среден)

Вуков сабор е најстара и најмасовна културна манифестација во Србија. Посветена е на негување на споменот на животот и делото на реформаторот на српскиот јазик Вук Стефановиќ Караџиќ.[1] Централната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно мест Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира воу Лозница, Белград и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување.

Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првиот Вуков сабор е одржан во 1933 година и од тогаш не е одржан единствено за време на Втората светска војна.[2] Одржавањето на Вуковиот сабор за жителите на Тршиќ и околните села е време кога пријателите и роднините од другите краеви им доаѓаат на гости, како што тоа се прави и на селските слави, и заедно учествуваат во програмата во рамки на Саборот.[1]

Реден број Година Датуми Беседник на централната манифестација
78 2011 септември 12–18, 2011 (2011-09-12 – 2011-09-18)[3] Ангела Рихтер[3]
79 2012 септември 10–16, 2012 (2012-09-10 – 2012-09-16) Ранко Рисојевиќ[4]
80 2013 септември 9–15, 2013 (2013-09-09 – 2013-09-15) Душан Ковачевиќ[5]
81 2014 септември 8–14, 2014 (2014-09-08 – 2014-09-14) Драган Станиќ[6]
82 2015 септември 14–20, 2015 (2015-09-14 – 2015-09-20) Бошко Сувајџиќ[7]
83 2016 септември 12–18, 2016 (2016-09-12 – 2016-09-18) Светислав Божиќ[8]
84 2017 септември 11–17, 2017 (2017-09-11 – 2017-09-17) Александар Вучиќ[9]
85 2018 септември 10–16, 2018 (2018-09-10 – 2018-09-16) Вељко Брбориќ[10]
86 2019 септември 9–15, 2019 (2019-09-09 – 2019-09-15) Емир Кустурица[11]
87 2020 септември 14–20, 2020 (2020-09-14 – 2020-09-20) Јанко Вујиновиќ[12]

Програма на манифестацијата

[уреди | уреди извор]

Централната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно место Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира во Лозница, Београд и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување. Програмата на Вуковиот сабор опфаќа тематски изложби, театарские претстави, концерти, литературни и филмски вечери, промоции на книги и слични приредби.

Централна манифестација

[уреди | уреди извор]

Централната манифестација се одржува на сабориштето, на отворена сцена во Тршиќ, и традиционално почнува со изведување на „Химна на Вук” (српски јазик: „Химне Вуку”) на Стеван Мокрањац и со подигање на знамето на саборот. Следат поздравниот говор на претседателот на градот Лозница и саборска беседа на некој истакнат книжевник, уметник или научник. Потоа се изведува избраното музичко-сценско дело. На крајот настапуваат фолклорните ансамбли.

Сабориште

[уреди | уреди извор]

Сабориштето денес претставува единствен музеј на народно неимарство на отворено, на кој покрај гледалиштето и театарот, во форма на амфитеатар, поставени градби кои потекнуваат од 19 век или почетокот на 20 век.[13][14]

Организатори

[уреди | уреди извор]

Организатори на саборот се Центарот за култура „Вук Караџиќ” и градот Лозница, под покровителство на Министерство за култура и информирање на Република Србија.

Нематеријално културно наследство

[уреди | уреди извор]

Локалната заедница имала голема улога во осмислување на програмата на оваа манифестација, поради што таа сочинува дел од идентитетот на местото Тршиќ, во околина на градот Лозница во западна Србија. Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „ВУКОВ САБОР“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања Републике Србије, Етнографски музеј у Београду. Посетено на 18 јануари 2019.
  2. „Почиње 76. Вуков сабор“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 12 септември 2011. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. 3,0 3,1 „Na Vukovom saboru besednik prvi put - stranac“. Radio Television of Vojvodina (српски). 2011-09-05. Посетено на 2021-01-19.
  4. „Završen Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2012-09-16. Посетено на 2021-01-19.
  5. „Završen 80. Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2013-09-15. Посетено на 2021-01-19.
  6. „Završen 81. Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2014-09-14. Посетено на 2021-01-19.
  7. Mitrić, V. (2015-09-20). „ZAVRŠEN 87. VUKOV SABOR U TRŠIĆU: Jezik - majčevina i očevina“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
  8. Mitrić, V. (2016-09-18). „ZAVRŠEN VUKOV SABOR U TRŠIĆU: Stvorio veliko delo za naš rod“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
  9. „Vučić: Vukov sabor danas najvažniji skup u Srbiji“. N1info.com (српски). 2017-09-17. Посетено на 2021-01-18.
  10. Mitrić, V. (2018-09-10). „Počinje 85. Vukov sabor“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
  11. Mitrić, V. (2019-09-07). „NAJAVLjEN 86. VUKOV SABOR: Kusturica u ulozi besednika“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
  12. Mitrić, V. (2020-09-10). „BESEDA JANKU VUJINOVIĆU: Vukov sabor počinje u ponedeljak u Loznici“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
  13. „Завршена санација Саборишта у Тршићу“. Новости. 14 септември 2009. Посетено на 7 ноември 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „83. Vukov sabor“. Podrinje info. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 7 ноември 2016.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]