Врчва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врчва

Врчва[1][2] (збор од старословенско потекло; турски: ќуп) или канаваза[3][4] — старо име за голем глинен сад, со зафатнина од 50-200 литри, во кој покрај жито можело да се чуваат сало, туршија и вино. Овој сад се користел со или без капак (дрвен или камен). Тие се користеле и за складирање на жито за време на војни и селидби, бидејќи можеле да ги зачуваат резервите долго време. Познато е дека во Стара Грција се користеле големи дрвени садови и глинени садови наречени „питоси“ - бокали, кои биле постари и се користеле пред дрвените садови. За разлика од врчвата, стомната е многу помал сад за пиење, обично земјен, со рачка.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Мирко Богићевић: Вукова трпеза, Научна књига, Београд, 1988. године.