Време без војна (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Време без војна“
Сцена од филмот
РежисерБранко Гапо
СценаристСимон Дракул
Главни улогиАцо Јовановски
Неда Арнериќ
Крум Стојанов
Дарко Дамески
Кирил Ќортошев
Кирчо Божиновски
Шишман Ангеловски
Слободан Димитриевиќ
Сабина Ајрула-Тозија
Коле Ангеловски
Жанрслободна тема
МузикаТома Прошев
КинематографијаДушко Стојановски
МонтажаМаја Лазаров
Драгољуб Гојковиќ
ДистрибутерФРЗ - Скопје
Премиера1969
Времетраење80 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Време без војнамакедонски игран филм од 1969 година според сценариото на Симон Дракул, во режија на Бранко Гапо[1]. Филмот дава драматична слика за распаѓањето на македонското село[1]. Модерно конципираната режија, документаристичката фактура на фотографијата и метафоричката монтажа го поставуваат во кругот на еден од естетички најсмелите, најквалитетни и најоригинални македонски филмови[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Фидан е млад човек кој живее и работи во градот[2]. Неговиот татко Дичо, селанец и борец во војната и во револуцијата, по војната ја застапува идејата за колективизација и индустријализација на селото[2]. Искрено верувајќи и работејќи на тоа, Дичо се судрува со повеќето од селаните, но најжестоко се конфронтира со својот добар пријател, соборец и побратим Лазар[2]. По пропаѓањето на задругарството, Дичо заминува од селото. По неговата смрт Фидан, исполнувајќи ја татковата желба, го погребува во родното село. Престојувајќи таму, Фидан се обидува да се пронајде себеси во новата средина, во новиот ангажман со сточарството, кој за него значи голем предизвик, како и во контактите со нови лица[2]. Тука доживува и нова љубов со девојката Благуна, ќерка на Лазар, која наскоро станува негова жена. Иако изложен на недовербата на соселаните, Фидан со сиот елан се занимава со одгледувањето на овците. Но, законите на пазарот се немилосрдни и во тие услови не е можна реализација на неговата замисла. Враќањето на Фидан на татковото огниште не му го донесува бараниот мир ниту, пак, нова содржина во животот[2].

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1969 ФЈИФ, Пула, Специјална диплома за режија на Бранко Гапо
  • 1969 ФФ, Ниш, Награда за млад артист за Неда Арнериќ
  • 1969 13 Ноемвриска награда за Бранко Гапо за режија на филмот „Време без војна“
  • 1972 МФФ, Авелино, Сребрен медал „Тарга д'Аргенто“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Василевски, Георги (2009). „Време без војна“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Петковска, Васја (2012). „Време без војна“. Скопје: Кинотека на Македонија. Посетено на 7 март 2016.