Владимир Саздовски
Владимир Саздовски | |
---|---|
Роден(а) | 4 август 1983 Скопје, СР Македонија |
Занимање | оперски пејач |
Владимир Саздовски (Скопје, 4 август 1983) - македонски оперски пејач, бас во Македонската опера и балет, но со бројни аранжмани во Италија, Кина и Дубаи.
Животопис
[уреди | уреди извор]Саздовски е роден на 4 август 1983 година Скопје. Своето музичко образование го започнал во Музичкотото средно училиште „Илија Николовски - Луј“ од Скопје на одделот за пеење со проф. Милка Ефтимова. Продолжил на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Бугарија во класата на проф. Нико Исаков и дипломирал во 2006 година. Во периодот 2007-2009 година добил стипендија од CEE Musictheater од Виена, каде што имал специјализација на Универзитетот за музика и сценска уметност од Виена во класите на проф. Михаил Теме, Лео Плетнер и Антон Шерингер. Исто така тој го има освоено и второто место на меѓународниот натпревар за оперски пејачи во Битонто и специјалната награда од Јапонија, каде што пеел Риголето во Нигата и еден концерт во Токио. Во 2013 година присуствувал на европската летна музичка академија во Приштина, Косово каде што бил избран за најдобар ученик и настапил на последниот концерт. Магистерира на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во класата на проф. Борис Трајанов. Од 2006 година работи како бас во Македонската опера и балет. Настапувал скоро низ целиот свет, како Италија, Германија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Јапонија, Дубаи, Кина и др.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил[мртва врска] на truelinked
- Под туш правам солистички концерт - интервју
- Саздовски на YouTube
„Владимир Саздовски“ на Ризницата ? |