Македонска опера и балет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонска опера и балет
МОБ-Лого.svg
КратенкаМОБ
Основана1947
Типкултурна национална установа
МестоСкопје
Директорм-р Васо Ристов
Вработениоколу 500
Мреж. местоmob.com.mk

Македонската опера и балет (крат. МОБ) (англиски: Macedonian Opera and Ballet) — државна културна установа и најстара од овој вид во Македонија.

Организација и менаџмент[уреди | уреди извор]

Седиштето на „МОБ“ е на булеварот „Гоце Делчев“ бр. 4, Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“, е изведена на 27 јануари 1949). И двата ансамбли работеле во рамките на МНТ.

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација - „Македонска опера и балет“.

МОБ работел во рамките на МНТ во големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект „Театар Центар“, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи МОБ, а за потребите на МНТ се гради повторно, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.

Претстави[уреди | уреди извор]

Опери[уреди | уреди извор]

Балети[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  2. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  3. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  4. „Змејовата невеста - опера на македонски по десет години“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 20.
  5. „Змејовата невеста одушеви и визуелно и вокално“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 21.
  6. Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 17.
  7. Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 24.
  8. „Самсон и Далила во МОБ“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 18.
  9. Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 27.
  10. Ѓургица Јовановска, „Раскошна уметничка креација на Александра Мијалкова како Клеопатра“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]