Влада на Србија
Владата на Република Србија е носител на извршната власт во Република Србија.
Владата ја избира Народното собрание на Србија, а ја сочинуваат претседателот на Владата, еден или повеќе потпретседатели и министри.
Надлежност[уреди | уреди извор]
Според Уставот на Република Србија, Владата:
- ја утврдува и спроведува политиката
- ги извршува законите и другите општи акти на Народното собрание
- донесува одлуки и други општи акти за имплементација на законите
- предложува закони на Народното собрание и други општи акти и дава мислење кога нив ги поднесуваат други предложувачи
- ја насочува и хармонизира работата на органите на државната управа и врши надзор над нивната работа
- врши и други работи утврдени со Уставот и законот
Покрај тоа, Владата е одговорна кон Народното собрание за политиката на Република Србија, за примената на законите и другите општи акти на Народното собрание и за работата на органите на државната управа.
Историјат на свикувања на Владата[уреди | уреди извор]
- Влада на Драгутин Зеленовиќ (1991)
- Влада на Радоман Божовиќ (1991—1993)
- Влада на Никола Шаиновиќ (1993—1994)
- Прва влада на Мирко Марјановиќ (1994—1998)
- Втора влада на Мирко Марјановиќ (1998—2000)
- Влада на Миломир Миниќ (2000—2001)
- Влада на Зоран Ѓинѓиќ (2001—2003)
- Влада на Зоран Живковиќ (2003)
- Прва влада на Воислав Коштуница (2004—2007)
- Втора влада на Воислав Коштуница (2007—2008)
- Влада на Мирко Цветковиќ (2008—2012)
- Влада на Ивица Дачиќ (2012—2014)
- Прва влада на Александар Вучиќ (2014—2016)
- Втора влада на Александар Вучиќ (2016—2017)
- Влада на Ана Брнабиќ (2017— )
Сегашен состав на Владата на Република Србија[уреди | уреди извор]
Владата на Ана Брнабиќ е тековното свикување на Владата на Република Србија, избрано на 29. јуни 2017 г.
Таа е втора влада која ја избра Единаесеттото свикување на Народното собрание на Република Србија. За кабинетот на Ана Брнабиќ се изјаснија вкупно 212 пратеници - "за" гласале 157 пратеници, а 55 биле "против".
Моменталната Влада на Република Србија е 15-та по ред од обновувањето на повеќепартискиот систем во Србија.
Состав[уреди | уреди извор]
Владата на Република Србија моментално има осумнаесет министерства и три министри без ресор. По предлог на кандидатите за Претседател на Владата, Народното собрание на Република Србија го одредува бројот на потпретседателите на Владата, на министрите и на министрите без ресор.
Составот на Владата е следниот:[1]
Функција | Слика | Име и презиме | Партија | Белешка |
---|---|---|---|---|
Претседател на Владата | Ана Брнабиќ | непартиска личност | ||
Прв потпретседател на Владата Министер за надворешни работи |
![]() |
Ивица Дачиќ | СПС | |
Потпретседател на Владата Министер за внатрешни работи |
![]() |
Небојша Стефановиќ | СНС | |
Потпретседател на Владата Министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура |
Зорана Михајловиќ | СНС | ||
Потпретседател на Владата Министер за трговија, туризам и телекомуникација |
![]() |
Расим Љајиќ | СДПС | |
Министер за одбрана | ![]() |
Александар Вулин | ПС | |
Министер за државна управа и локална самоуправа | Бранко Ружиќ | СПС | ||
Министер за правда | Нела Кубуровиќ | |||
Министер за економија | Горан Кнежевиќ | СНС | ||
Министер за финансии | ![]() |
Душан Вујовиќ | ||
Министер за земјоделство и заштита на животната средина | Бранислав Недимовиќ | СНС | ||
Министер за култура и информации | Владан Вукосављевиќ | |||
Министер за млади и спорт | ![]() |
Вања Удовичиќ | СНС | |
Министер за образование, наука и технолошки развој | Младен Шарчевиќ | |||
Министер за здравство | Златибор Лончар | непартиска личност | ||
Министер за рударство и енергетика | ![]() |
Александар Антиќ | СПС | |
Министер за вработување и социјални прашања | ![]() |
Зоран Ѓорѓевиќ | СНС | |
Министер за европски интеграции | ![]() |
Јадранка Јоксимовиќ | СНС | |
Министер за заштита на животната средина | Горан Триван | СПС | ||
Министер без ресор | ![]() |
Славица Ѓукиќ Дејановиќ | СПС | |
Министер без ресор | ![]() |
Милан Кркобабиќ | ПУПС | |
Министер без ресор | ![]() |
Ненад Поповиќ | СНП |
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Список на влади на Србија
- Список на претседатели на влади на Србија
- Претседател на Владата на Република Србија
- Заменик-Претседател на Владата на Република Србија
- Народно собрание на Република Србија
- Министерства на Република Србија