Прејди на содржината

Влада на Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сојузниот кабинет (германски: Bundeskabinett pronounced [ˈbʊndəskabiˌnɛt] ), или според германскиот Основен закон, Сојузна влада (германски: Bundesregierung), е главниот извршен орган на Сојузна Република Германија. Се состои од Сојузен канцелар и министри. Основите на организација на кабинетот, како и начинот на неговиот избор и назначување, заедно со постапката за негово разрешување, се утврдени во членовите 62 до 69 во Основниот закон на Сојузна Република Германија (Grundgesetz).

Тековен кабинет

[уреди | уреди извор]

Сегашниот и 24-тиот сојузен кабинет на Германија е на функција од 8 декември 2021 година. Во моментов тој се состои од следниве министри:[1]

Ред Функција Портрет Министер Партија Ја презел функцијата
1

Канцелар

Олаф Шолц SPD 8 декември 2021
2

Вице-канцелар Сојузен министер за економски прашања и заштита на климата

Роберт Хабек Greens 8 декември 2021
3

Сојузен министер за финансии

Кристијан Линднер FDP 8 декември 2021
4

Сојузен министер за внатрешни работи

Ненси Фезер SPD 8 декември 2021
5

Сојузен министер за надворешни работи

Аналена Бербок Greens 8 декември 2021
6

Сојузен министер за правда

Марко Бушман FDP 8 декември 2021
7

Сојузен министер за труд и социјала

Хубертус Хајл SPD 14 март 2018
8

Сојузен министер за одбрана

Борис Писториус SPD 19 јануари 2023
9

Сојузно министерство за храна и земјоделство

Џем Оздемир Greens 8 декември 2021
10

Сојузен министер за семејни работи, сениори, жени и млади

Лиза Паус Greens 25 април 2022
11

Сојузен министер за здравство

Карл Лаутербах SPD 8 декември 2021
12

Сојузен министер за дигитална инфраструктура и транспорт

Фолкер Висинг FDP 8 декември 2021
13

Сојузен министер за животна средина, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите

Штефи Лемке Greens 8 декември 2021
14

Сојузен министер за образование и научно истражување

Бетина Старк-Ватцингер FDP 8 декември 2021
15

Сојузен министер за економска соработка и развој

Свења Шулце SPD 8 декември 2021
16

Сојузно министерство за домување, урбан развој и градежништво

Клара Гејвиц SPD 8 декември 2021
17

Сојузен министер за специјални задачи

Волфганг Шмит SPD 8 декември 2021
  1. German Chancellery (8 December 2021). „Liste der Bundesministerinnen und Bundesminister“ [List of Federal Ministers]. Protokoll Inland der Bundesregierung (германски). German Federal Ministry of the Interior and Community. Архивирано од изворникот на 5 March 2019. Посетено на 12 December 2021.