Вила Филипина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вила Филипина ― поранешна вила и денешен јавен парк и домаќин на различни културни настани, со еден влез на Виа Вила Филипина, свртен кон паркот пред црквата „Св. Франциско Паолски“ (италијански: San Francesco di Paola), во Палермо, регионот во Сицилија, Италија.

Овој парк зафаќа површина од 2,7 акри и е погоден за пешачење.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото бил замислено како голем манастир за ораторскиот ред. Речиси кружната аркада била изградена помеѓу 1755-1757 година под покровителство на Дон Анџело Серјо, кој го оставил своето наследство на редот. Неговиот портрет е извајан во внатрешната страна на влезниот лак. Некои од ѕидовите во внатрешноста на вилата се фрески од Вито Д'Ана и Антонио Мано. Во средината е камената фонтана Билиеми (1759) извајана од Џоакино Витаљано и украсена со статуи на светците Игнатиј Лојолски, Феликс Канталички, Камило де Лелис и Карло Боромео. На почетокот на 20 век, дворот содржел кино и арена. Се прикажувале изведби во просторот, опфатен со планетариум и астрономски музеј кои сега го создавале старото кино.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]