Акр

Од Википедија — слободната енциклопедија

Акр (англ. acre) е единица за површина во разни системи како британскиот и американскиот. Најчесто употребувани акри денес се меѓународниот и американскиот геометарски акр. Во еден акр има 43.560 квадратни стапки.

Еден акр има 4.840 квадратни јарди. Заради алтернативните дефиниции за јардот, точната големина на акрот исто така варира. Сродни мерки за должина се еден фурлонг акрова должина (220 јарди) и ланец акрова ширина (4 прачки или 22 јарди).

Акрот најчесто се користи за површина на земја. Метричниот систем го користи користи хектарот за истата намена. Еден акр има околу 0,4 хектари.

Меѓународен акр[уреди | уреди извор]

Во 1958 год, САД и земјите на Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународната јард како 0,9144 метри.[1] Како резултат на тоа, меѓународниот акр изнесува точно 4046,8564224 квадратни метри.

Американски геометарски акр[уреди | уреди извор]

Американскиот геометарски акр изнесува околу 4046.873 квадратни метри; неговата точна вредност (4046 13.525.42615.499.969 m2) е заснована на инч дефиниран од метар - 1 метар = 39,37 инчи, по одлуката на Менделхаловата наредба. Ова е стандардниот акр во САД, но разликата од меѓународниот акр изнесува само 4 милионитини.

Површина од еден акр (црвено) споредено со терен за американски фудбал (зелено) и стандардно фудбалско игралиште(сино).

Еквиваленција со други единици за површина[уреди | уреди извор]

1 меѓународен акр е еднаков на следниве метрички единици:

1 меѓународен акр е еднаков на следниве неметрички единици единици:

1 американскиот геометарски акр е еднаков на:

Примена на акрот[уреди | уреди извор]

Во Обединетото Кралство денес употребата на акрот намерно се потиснува, но за општата јавност тој и понатаму останува вообичаена мерка за површина. Акрот е законската мерка за површина во САД.

Потекло[уреди | уреди извор]

Зборот „акр“ доаѓа од староанглискиот збор æcer (со првобитно значење на „отворено поле“, сродно на германскиот Acker, латинскиот ager и старогрчкиот Αγρός).

Акрот била избран како отприлика земјата која еден човек можел да ја изора со еден вол за еден ден. Ова дава објаснение на една дефицинија - како правоаголна површина со страни со должина од еден ланец и еден фурлонг. Долгнавеста парцела се ора полесно отколку правоаголна бидејќи плугот немора да се свртува толку често. Самиот збор „furlong“ доаѓа од фактот што тој е долг еден плуг.

Законските вредности на акрот ги имаат регулирано владетелите:

Историски, во Обединетото Кралство големината на нивите и поседите секогаш се изразувала во акри, дури и во случај нивниот број да е толкав што подобро би бил изразен во квадратни милји. На пример, се велело дека извсен земјопоседник држи 32.000 акри, а не 50 квадратни милји земја.

Други акри[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. National Bureau of Standards. Ревалуација на вредностите на јардот и фунтата. (англиски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]