Планетариум
(Планетариумот Сер Томас Бризбејн, Австралија)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/31/Belgrade_Planetarium_theatre_day.jpg/220px-Belgrade_Planetarium_theatre_day.jpg)
(Планетариумот во Белград, Србија)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b1/Belgrade_Planetarium_theatre_night.jpg/220px-Belgrade_Planetarium_theatre_night.jpg)
(Планетариумот во Белград, Србија)
Планетариум e театар изграден првенствено за образовни или забавни презентации од областа на астрономијата, за ноќното небо или за обуки по навигација според ѕвезди. Доминантната одлика на повеќето планетариуми е екран за проектирање во вид на купола на кои се прикажуваат сцени со ѕвезди, планети и други небесни тела. Небесните сцени може да се создадат со користење широка лепеза технологии, од прецизно изработени „ѕвездени топки“ кои комбинираат оптичка и електромагнетна технологија, прожектор за слајдови, видео и проектори за купола, како и ласери. Без разлика на тоа која технологија се користи, целта е да се поврзат со цел да се прикаже точно релативното движење на небото. Типичните системи може да бидат подесени да го покажуваат небото во било која точка во времето, во минатото или сегашноста, или пак да го прикажат распоредот на ѕвездите на небото како што се гледа од некоја друга точка на Земјата.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Worldwide Planetariums Database (WPD) Список на планетариуми низ светот
![]() | Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|