Виктор Канзуров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виктор Канзуров
Роден(а)2 ноември 1971
Скопје,  СР Македонија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар, политички аналитичар

Виктор Канзуров (2 ноември 1971 во Скопје) — македонски бугарин и новинар. Познат е по неговите ставови околу македонско-бугарскиот однос како и за заедничката историја со Бугарите, и како експерт во тоа поле често гостува во емисии.

Биографија[уреди | уреди извор]

Виктор Канзуров е роден на 2 ноември 1971 во Скопје. На 16 годишна возраст дознава за неговото бугарско потекло, откако татко му го учел за бугарските корени на македонскиот народ. Татко му е по потекло од леринското село Пападија, Егејска Македонија, кој се преселил во Скопје во 1968 година[1]. По мајчина линија е од Сетина. Неговиот роднина Георги Канзуров е активист во македонската партија Виножито во Грција.[2] Од 1999 година работи како новинар во македонските весници: „Македонско Дело“, Вечер, Старт, Нова Македонија и интернет изданието Трибуна. После тоа работи како новинар во слободна практика.

Виктор Канзуров беше претседател и еден од основачите на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ. Често пати ја критикува партијата, велејќи дека денешното ВМРО ДПМНЕ е контра теза на она ВМРО ДПМНЕ во 90-тите години. Поради критиките упатени кон србоманството во Македонија е заплашен и притворен со измислени обвиненија, уште во времето кога Македонија беше дел од СФРЈ. Првиот притвор бил во 1989 година на 18 годишна возраст. При откривањето на спомен бистата на Иван Михајлов во Велес во дворот на куќата на Драги Каров, тој држи говор каде што го критикува тогашниот бугарски министер, одговорен за Бугарите во странство, Божидар Димитров, нарекувајќи го „фурнаџиска лопата“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]