Виенски новогодишен концерт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виенски новогодишен концерт
Wien Musikverein 2004.jpg
Концeртната сала
во 2004
Native name Neujahrskonzert der Wiener Philharmoniker
Дата1 јануари
МестоВиена

Виенскиот новогодишен концерт (Neujahrskonzert der Wiener Philharmoniker) е концерт на класична музика изведена од страна на Виенската Филхармонија, кој се одржува секоја година во утринските часови на 1 јануари во Виена, Австрија. Се емитува во живо во целиот свет, а  публиката е проценета на повеќе од 50 милиони во 73 земји во 2012 и 93 земји во 2017 година.[1][2]

Музика и изведба [уреди | уреди извор]

Музиката што се изведува на Новогодишниот концерт секогаш вклучува дела од семејството Штраус — Јохан Штраус I, Јохан Штраус II, Јозеф Штраус и Едуард Штраус — со повремени дополнителни музички дела од други главно австриски композитори, вклучувајќи ги Јозеф Хелмесбергер Јуниор, Јозеф Ланер, Моцарт, Ото Николај (основачот на Виенската филхармонија), Емил фон Резничек, Франц Шуберт, Франц фон Супе, и Карл Микаел Цирер. Во 2009 година, музиката на Јозеф Хајдн била изведувана за првпат, заради одбележување на 200-годишнината од неговата смрт. Традиционално се изведуваат околу десетина композиции, со интервал на половина од концертот. Композициите вклучуваат валци, полки, мазурки, и маршеви

"Goldener Saal"(Златната сала)

Отворањето е секогаш со брза полка, а втора комозиција е На плавиот Дунав од Јохан Штраус синот, по што следува аплауз и честитки за новата година од музичарите до публиката. Последен е „Радетскиот марш“ на Јохан Штраус таткото, додека публиката удира со дланките во ритамот во кој се диригира. Времетраењето на целиот концерт е околу два ипол часа.

Концертот се одржува во „Златната сала“ (Goldener Saal) од зградата на Музикфераин од 1939 година. Емитувањето на телевизија е придружено со балетски изведби во текот на вториот дел од програмата.

Во 2017 година, оркестарот за првпат се појави во нова облека дизајнирана од Вивијен Вествуд и Андреас Кронтхалер.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Постоела традиција за новогодишен концерт во Виена уште од 1838 година, но не со музика од семејството Штраус. Од 1928 до 1933 година, имало пет новогодишни концерти во зградата на Музикфераин, диригирани од Јохан Штраус III. Овие концерти ги пренесувала станицата за радио-дифузија „ОРФ“ (ORF).[4] Во 1939 година, Клеменс Краус, со поддршка од Балдур фон Ширах, осмислил концерт за новогодишните празници посветен на Зимската воена помош ('Kriegswinterhilfswerk'), за да се зајакне моралот на борбените линии.[5] По Втората светска војна, концертот продолжил да се изведува, а почетоците и идејата за концертот на нацистите биле заборавени сè до скоро.[6]

За првпат концертот е одржан во 1939 година, под диригентската палка на Клеменс Краус, и само тогаш е одржан на 31 декември, а не на 1 јануари. Наречен бил специјален или посебен концерт, а се изведувале дела само на Јохан Штраус синот. Програмата била следнава:

Диригенти[уреди | уреди извор]

Босковски диригирал со новогодишниот концерт од 1955 до 1979 година. Во 1980 година, Лорин Мазел бил првиот диригент на концертот кој не бил Австриец. Практиката да се менуваат диригентите била воведена во 1987 година, а првиот познат диригент со кој се започнала оваа практика бил Херберт фон Карајан, кој тогаш имал 78 години.

Посетеност[уреди | уреди извор]

Концертот е популарен во Европа, а од неодамна и во целиот свет. За карти, потребно е посетителите да се регистрираат цела година однапред. Некои од седиштата се резервирани за австриски семејства со генерации. Концертот се емитува на телевизија преку австрискиот национален сервис „ОРФ“ од 1989 година. Исто така концертот се пренесува и на бројни радио станици низ Европа, САД и низ светот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Walzerenergie für den Globus“. Der Standard (German). 28 December 2011. конс. 2 January 2012. 
  2. „Neujahrskonzert 2015: Jahr der Jubiläen“. Die Presse (German). 29 December 2014. конс. 1 January 2015. 
  3. „A New Year, and New Duds, for the Vienna Philharmonic“. The New York Times. 29 December 2016. конс. 1 January 2017. 
  4. Germany, www.FaberMoldenhauer.de, Dresden, (15 February 2016). „Ernst Theis“. ernsttheis.com. конс. 1 January 2017. 
  5. 31. Dezember 1939 – Erstes Neujahrskonzert der Wiener Philharmoniker“, „WDR“, 31 декември 2014 (посет. 25 јуни 2016 г).
  6. Harald Walser. „Das Neujahrskonzert und so manch unhaltbare Legende“, „Die Presse“, 29 декември 2015 (посет. 25 јуни 2016 г).
  7. "Zubin Mehta dirigiert Neujahrskonzert 2015", Der Standard, 31 December 2013 (германски)
  8. Riccardo Muti dirigiert das Neujahrskonzert 2018 (германски)
  9. "Mariss Jansons dirigiert Neujahrskonzert 2016", ORF, 1 January 2015
  10. "Barenboim dirigiert Neujahrskonzert 2014", Der Standard (германски)
  11. „New Year's Concert 2011 with Franz Welser-Möst“. Vienna Philharmonic. конс. 5 November 2010. 
  12. Franz Welser-Möst dirigiert Neujahrskonzert 2013“, „Der Standard“, 31 декември 2011. (на German)
  13. „Dudamel leitet Neujahrskonzert 2017“ [Dudamel Conducts New Year's Concert 2017]. Austrian Broadcasting Corporation (German). конс. 19 August 2016. 
  14. Stefan Ender. „Christian Thielemann dirigiert 2019 erstmals das Neujahrskonzert“, „Der Standard“, 1 јануари 2018 (посет. 2 јануари 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]