Венецијански одбранбени дела помеѓу 16 и 17 век: Земјишни поседи – Западни поморски поседи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Венецијански одбранбени дела помеѓу 16 и 17 век: Земјишни поседи – Западни поморски поседи
Светско наследство на УНЕСКО
Cinta muraria di Palmanova.jpg
Тврдината кај Палманова, едно од 6-те места
Местоположба
Критериуми Културолошки: (iii), (iv)
Навод 1533
Заведување 2017 година (41. заседавање)
Област 378.37 ха
Тампон зона 1.749,62 ха
Координати 45°42′12″N 9°39′49″E / 45.70333° СГШ; 9.66361° ИГД / 45.70333; 9.66361Координати: 45°42′12″N 9°39′49″E / 45.70333° СГШ; 9.66361° ИГД / 45.70333; 9.66361

Венецијанските одбранбени дела помеѓу 16 и 17 век: Земјишни поседи ― Западни поморски поседи - светско наследство на УНЕСКО, кое се состои од шест бастионски тврдини изградени од Венецијанската Република на нејзините земјишни поседи (Stato da Terra) и нејзините поморски поседи (Stato da Mar).[1]

Опсегот на Венецијанската Република.

Со зголемувањето на војувањето со огнено оружје во ренесансата дошло до значителни промени во воената стратегија и дизајнот на тврдините. Една од овие промени бил развојот на бастионската тврдина, или утврдувањата ала модерна“, со тврдина во облик на многуаголник со бастион на ќошевите.[1] Овие дизајни потекнуваат од Венецијанската Република, но наскоро се прошириле низ цела Европа и останале стандард за одбрана до 19 век.[2] Во 2017 година, шест од овие утврдувања во Италија, Хрватска и Црна Гора биле запишани на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Овие шест места даваат квинтесенцијални примери за овој дизајн на тврдина, го демонстрираат влијанието на Венеција од ерата на ренесансата и даваат сведоштво за голем напредок во историјата на војувањето.[1]

Својства[уреди | уреди извор]

Местата што го сочинуваат светското наследство ја прикажуваат широчината на архитектонските стилови и тврдините изработени во Венецијанците. Изграден во 15 век, утврдениот град Котор е најстарото место, кое прикажува преоден период помеѓу традиционалниот дизајн на тврдината и дизајнот „ала модерна“.[2] Во 16 век биле изградени утврдувањата во Бергамо и тврдината Свети Никола, покажувајќи додавање на посложен и средишен систем на бастиони, ѕидови и горни ровови.[2] Одбраните во Задар, Пешкјера дел Гарда и Палманова биле завршени во 17 век.

Место Слика Местоположба
Утврден град Бергамо Ита Ломбардија, Италија
45°42′12″N 9°39′49″E / 45.70333° СГШ; 9.66361° ИГД / 45.70333; 9.66361
Утврден град Пешкјера дел Гарда Ита Венето, Италија
45°26′20″N 10°41′39″E / 45.43889° СГШ; 10.69417° ИГД / 45.43889; 10.69417
Градска тврдина на Палманова Ита Фриули-Венеција Џулија, Италија
45°54′22″N 13°18′35″E / 45.90611° СГШ; 13.30972° ИГД / 45.90611; 13.30972
Одбранбен систем на Задар Задарска Жупанија, Хрватска
44°6′42″N 15°13′49″E / 44.11167° СГШ; 15.23028° ИГД / 44.11167; 15.23028
Тврдина Свети Никола Округ Кро Шибенско-книнска Жупанија, Хрватска
43°43′17″N 15°51′17″E / 43.72139° СГШ; 15.85472° ИГД / 43.72139; 15.85472
Утврден град Котор Општина Котор, Црна Гора
42°25′25″N 18°46′19″E / 42.42361° СГШ; 18.77194° ИГД / 42.42361; 18.77194

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Venetian Works of Defence between the 16th and 17th Centuries: Stato da Terra – Western Stato da Mar“. UNESCO World Heritage Centre. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 29 јуни 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) (27 јануари 2016). Advisory Body Evaluation (ICOMOS): The Venetian Works of Defence between 15th and 17th Centuries (Italy, Croatia, Montenegro): No 1533 (Report). Посетено на 29 јануари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]