Велимир Силјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велимир Силјаноски
Роден 1920 година
Челопеци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Гостиварско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Велимир Ќирков Силјаноски (прекар: Вело) ( 1920 во Челопеци, Кичевско1945 во Гостиварско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско земјоделско семејство. Бидејќи немал услови да се школува, се занимавал со земјоделие. Во НОВ стапил во есента 1944 година во составот на Петнаесеттата бригада. Учествувал во борбите за конечното ослободување на Македонија. Загинал во пролетта 1945 година во Гостиварско при расчистувањето на балистичките банди.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 110.