Везениц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Везениц
Wesenitz
Wesenitzinhelmsdorf.jpg
Везениц близу Хелмсдорф (Штолпен)
ЗемјаГерманија
Слив
Главен изворЛужички Гори
УстиеЕлба
50°57′49″N 13°53′39″E / 50.96361° СГШ; 13.89417° ИГД / 50.96361; 13.89417Координати: 50°57′49″N 13°53′39″E / 50.96361° СГШ; 13.89417° ИГД / 50.96361; 13.89417
Физички особености
Должина83 км
Споменик на Рихард Вагнер од Рихард Гур

Везениц (германски: Wesenitz) — река во сојузната покраина Саксонија, Германија, десна притока на Елба. Нејзината вкупна должина е 83 километри. Везениц ече низ туристичките области на Лужичките Гори и Саксонска Швајцарија. Нејзината име е изведено од лужичкиот јазик wjaz (брест).[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Везениц извира близу Нојкирх (Лужица) и тече југозападно низ Бишофсверда, Гросдребниц, Штолпен и Дирерсдорф-Дитерсбах. Везениц се влива во Елба во близина на Пирна.

Туристички атракции[уреди | уреди извор]

Замокот Штолпен е официјално документиран за првпат во 1222 година, кога бил во сопственост на Дрезденско-мајсенската епископија. Во 1559 преминал во сопственост на изборниот кнез на Саксонија. Славата на замокот потекнува од периодот 1716-1765, кога Августус Втори Силниот во замокот ја чувал својата љубовница Ана Констанција фон Брокдорф.

Liebethaler Grund, „Портата на Саксонска Швајцарија“ е сликовита долина. Во близина на поранешната хидроелектрична централа може да се посети најголемиот споменик на Рихард Вагнер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jan Meschgang: Die Ortsnamen der Oberlausitz; Domowina Verlag, Bautzen 1973; S. 97