Прејди на содржината

Ватуил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ватуил
בְּתוּאֵל
Ревека и Елиезер се збогуваат со татко ѝ Ватуил
Деца
Родители

Ватуил, во некои преводи се сретнува и како Ветуил (библиски хебрејски: בְּתוּאֵל, „човек Божји“[1]) — во Библијата бил Арамеец, најмладиот син на Нахор и Милка, внук на Авраам и татко на Лаван и Ревека.[2] Ватуил исто така бил град на територијата на Симеоновото племе, западно од Мртвото Море.[3]

Ватуил, потомок на Тара, живеел во Падан-Арам. Авраам го испратил својот главен слуга Елиезер во Падан-Арам со задача да најде соодветна жена за својот син Исак. Кај бунарот во близина на градот Нахор во Арам-Нахараим, слугата наишол на Ревека, ќерката на Ватуил. Согледувајќи ги поволните околности, слугата изразил благодарност што ја запознал ќерката на Ватуил, роднина на Авраам. Како одговор, Лаван и Ватуил го признале божествениот указ, велејќи му на Елиезер: „Од Господа дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро. Еве, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ“ (Бит. 24:50–51).

  1. „Brown–Driver–Briggs, 1328, Bthuw'el“. Архивирано од изворникот на 2023-06-25. Посетено на 2023-06-25. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Битие 28:5
  3. 1 Летописи 4:30

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]