Буков сечко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Буков сечко
Morimus funereus up.JPG
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Coleoptera
Семејство: Cerambycidae
Потсемејство: Lamiinae
Род: Morimus
Вид: M. funereus
Биномен назив
Morimus funereus
Mulsant, 1863
Синоними
  • Morimus asper funereus
    (Mulsant) Müller, 1949-1953
  • Morinus asper funereus (Mulsant) Sama, 1991
  • Morinus funereus (Mulsant) Tozlu, Rejzek & Özbek, 2003

Буков сечко (Morimus funereus) е вид на бубачка од семејството Cerambycidae. Живее во Грција, Македонија, Белгија, Хрватска, Словенија, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Молдавија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Словачка, Украина и Босна и Херцеговина. Таа е слична на друга бубачка од истото семејство, Rosalia alpina, која сепак е потесна и има три пара црни точки. Исто така, Herophila tristis има слична форма на телото и ознаки, но антенските сегменти се многу пократки.

За споредба: Morimus funereus (десно) и Rosalia alpina (лево)

Некои сугерираат дека таксонот треба да се третира како подвид на Morimus asper,[1] давајќи му го научното име Morimus asper funereus.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]