Бојата на калинките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бојата на калинките (ерменски: Նռան գույնը) - советски филм од 1969 година, во режија на Сергеј Параџанов, кој е автор и на сценариото, засновано врз поезијата на ерменскиот поет Сајат Нова. Главните улоги ги играат: Софико Чиаурели, Мелкон Алкесанјан, Вилен Галстјан, Ѓорги Гегечкори, Спартак Багашвили итн. Автор на музиката е Тигран Мансурјан.[1]

Во 1982 година, филмот се нашол на списокот на десетте најдобри филмови на сите времиња, според изборот на Cahiers du cinéma.[2] Во 2012 година, во изборот на најдобрите филмови во историјата според Sight & Sound, „Бојата на калинките“ бил рангиран на 84. место,[3] а исто така се појавил и на списокот на најдобрите филмови во изборот на Time Out.[4] На интернет-страницата на Rotten Tomatoes филмот има рејтинг од 91%.[5]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот го прикажува животот на ерменскиот поет од 18 век, Сајат Нова, од неговото детство до смртта. Филмот е поделен на осум дела: „Детството“, „Младоста“, „На дворот на кнезот“, „Манастирот“, „Сонот“, „Староста“, „Ангелот на смртта“ и „Смртта“. Во нив се прикажани разни сцени од животот на Сајат Нова и ерменски обичаи, како: верското воспитување во младоста, капењето на мажите и жените во јавната бања, молитвата во дворецот на кнезот пред почетокот на ловот, вљубувањето во принцезата, заминувањето во манастир, ритуали поврзани со крштевки и погреби, заминувањето од манастирот, жртвено колење овци, смртта на светиот татко Лазар, смртта на поетот итн.[6]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]