Борис Димовски
Борис Трајчев Димовски ( 1925 во Ќустендил, Бугарија — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како општ работник. Во 1941 година, на 16-годишна возраст се вратил во родното место на родителите, и се вработил како курир во општината Катланово. Бил симпатизер на НОВ и штом му се укажала првата можност се приклучил на народноослободителното движење. На 19 декември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, трет баталјон, втора чета. Со Бригадата заминал во Земун, каде ја посетувал тримесечната воена настава. Бил учесник на Сремскиот фронт како и во повеќе борби за ослободување на повеќе села и градови. На 16 април 1945 година при нападот на силни германско-усташки сили кај Врпоље, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал. Подоцна неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Брезица.[1]