Борислав Кирков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борислав Кирков
Роден 30 јули, 1929 година
Љубанци, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Чучер, Скопје, Македонија
Почивалиште Љубанци

Борислав Павлов Кирков (30 јули 1929 во Љубанци, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. На 12 септември стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во секојдневните борби против силните балистички сили на разни позиции на Скопска Црна Гора. Во октомври 1944 година во една борба против балистите, кај Чучерскиот Рид, бил погоден и загинал на самото место. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во гробиштата во родното село Љубанци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 202–203. На |first= му недостасува |last= (help)