Бора Ѓоргевиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бора Ѓоргевиќ
Бора Ђорђевић

Бора на концерт во 2009
Биографски податоци
Познат(а) и како Бора Чорба
Роден(а) ноември 1 1952 (1952-11-01) (61 г.)
Чачак, СР Србија, СФРЈ
Жанрови Хард-рок
Рок
Хеви метал
Занимања Пејач
Инструменти Пејач, гитара, хармоника
Период на активност 1974–денес

Борислав Бора Ѓоргевиќ (1 ноември 1952 во Чачак), познат ѝ како Бора Чорба, е вокалист на рок групата Рибља чорба од нејзиното основање во 1978 година.

На 15 септември 1978 година, по основањето на неговата група, таа станала една од најпопуларните на просторот на Југославија. Во текот на својата кариера, тој станал еден од најконтроверзните вокалисти во тоа време. Во 1990 година го издал албумот „Коза ностра“, по кое бил оптужен за навреда на работничката класа на Југославија. Тој бил голем противник на владеењето на Слободан Милошевиќ и тој негов став го изразил преку албумот „Њихови дани“, кој го издал сам, без учество на својата група.

Тој е член на Демократската партија на Србија[1]. По падот на Милоѓевиќ, тој бил советник на министерот за култура во владата од 2004 година, но по кратко време морал да даде оставка поради своите навреди кон телевизијата Б92[2].

Наводи[уреди]