Бомбашки напад на аеродромот Бургас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бомбашки напад на аеродромот Бургас
МестоБургас, Бугарија
Датум18 јули 2012
17:23 GMT
ЦелАеродром Бургас
Вид на нападБомбашки напад
Мртви7[1] (вклучително и атентаторот)

Бомбашкиот напад на аеродромот Бургас се случил на 18 јули 2012 година.

Според првичните информации, најмалку седум лица загинале и дваесетина биле повредени во терористичкиот напад што се случил околу 17.23 часот на паркинг пред аеродромот во бугарскиот град Бургас. Според извештаите од бугарските медиуми, целта на нападот биле 150 израелски туристи, кои на половина час пред експлозијата долетале од Тел Авив и влегле во три автобуса со кои требало да заминат на црноморското крајбрежје. Меѓу загинатите има Израелци, но и бугарски државјанин.

Според првичните сознанија од очевидци во еден од автобусите влегол бомбаш кој активирал експлозив[2]. Повредените лица веднаш по екплозијата биле пренесени во болницата во Бургас. Четворица од ранетите се во критична состојба. Меѓу повредените има и две бремени жени.

По експлозијата аеродромот во Бургас е затворен за сообраќај, а сите летови се пренасочени кон Варна.

Одговорност[уреди | уреди извор]

Медиумите во Бугарија по настанот потстиле дека на 5 јануари се појавиле информации дека израелските власти стравуваат од терористички напади врз Израелци во Бугарија, во организација на либанската шиитска организација Хезболах, поддржана од Иран, за одмазда за убиството на нејзиниот функционер Имад Мугне.

Одговорноста за нападот сè уште никој не ја презел. Сепак, изралески медиуми посочиле прст кон Иран. Неодамна изралеските власти ја предупредиле Бугарија да ги подигне мерките на готовност, поради можност за терористички напади врз туристи од Израел.

Реакции[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Једиот Ахронот": Седум души загинаа при експлозија на аеродром во Бургас“. Агенција Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  2. „Канал 2, Израел: Експлозијата се случила кога непознато лице се качило на автобусот со израелските туристи“. Агенция Фокус. 18 јули 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Бойко Борисов: Този ужасен инцидент е шок за всички нас“. Българска национална телевизия. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „„Джерусалем пост": Великобритания осъди атаката в Бургас“. Агенция Фокус. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „ЕС осъди нападението срещу израелски туристи в България“. Burgas24.bg. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Портпаролот на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху го потврди инцидентот на израелските туристи во Бугарија“. Агенција Фокус. 18 юли 2012. Посетено на 18 јули 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Нетанјаху го обвини Иран за експлозијата во Бугарија“. Курир. 18 јули 2012. Посетено на 2012-07-18.
  8. „АФП: САЩ осъдиха атентата срещу израелци в България“. Агенция Фокус. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Дачић осудио терористички напад на Израелце у Бугарској“. Политика/Танјуг. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „АФП: Франция осъди атаката срещу израелци в България“. Агенция Фокус. 18 юли 2012. Посетено на 18 юли 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Tourist terror: At least six Israelis killed in Bulgaria bus bomb attack“. Russia Today. 18 јули 2012.