Бобов Дол

Координати: 42°21′49.61″N 22°59′52.57″E / 42.3637806° СГШ; 22.9979361° ИГД / 42.3637806; 22.9979361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобов Дол
Бобов дол
град
Изглед кон градот
Изглед кон градот
Бобов Дол is located in Бугарија
Бобов Дол
Бобов Дол
Местоположба на Бобов Дол во Бугарија
Координати: 42°21′49.61″N 22°59′52.57″E / 42.3637806° СГШ; 22.9979361° ИГД / 42.3637806; 22.9979361
ЗемјаБугарија
ОбластЌустендил
ОпштинаБобов Дол
Управа
 • ГрадоначалникЕлза Величкова (Партија на зелените)
Површина
 • Вкупна18,286 км2 (7,060 ми2)
Надм. вис.&10000000000000694000000694 м
Население (2022)
 • Вкупно5,114
 • Густина280/км2 (720/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2670
Повик. бр.+359 0702
Мреж. местоnew.bobovdol.eu

Бобов Дол (бугарски: Бобов дол) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Бобов Дол во Ќустендилската Област. Има население од околу 5.114 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во планинска област во најисточниот дел на Коњавската Планина. Климата на градот е умереноконтинентална.

Историја[уреди | уреди извор]

Реонот уште од античко време го населувале Тракијците. Во блиското село Бабинска Река, откриени се тракиски карпести ниши, единствени за југозападниот дел на Бугарија. На врвот Колош се откриени остатоци од утврдувања од 12 век (период на византиско владеење над бугарските земји).

За прв пат името на населбата се споменува во 1576 година во османлиските даночни документи под името Бободол. Главна егзистенција на неговите жители била земјоделството (тутун, жита и др.) и сточарството.

Во 1822 година била изградена преродбеничката црква „Свети Никола“, а во 1881 година било отворено училиште. Во 1903 година било отворено читалиште „Пробуда“.

Уште во 1830-тите, францускиот геолог Ами Боуе го посетил реонот и ги истражил наоѓалиштата на јаглен меѓутоа, индустрискиот развој на овие наоѓалишта започнал по ослободувањето на Бугарија од османлиската власт. Од 1891 година, наоѓалиштето станало државен рудник, а рударството станало главно занимање на машката популација. Во 1917 година била изградена пруга со тесен колосек до Дупница.

По државниот удар од 9 септември 1944 година, започнал економскиот бум. Бобов дол се градил како центар на индустријата за ископување јаглен. Бил изграден рударско-енергетски комбинат „Бобов Дол“ со рудници — „Бабино“, „Бобов дол“, „Мињор“ и „Христо Ботев“. Во близина на градот бил изграден големиот енергетски центар ТЕЦ „Бобов Дол“, што придонело градот да се претвори во нов индустриски град.

Во 1970-тите и 1980-тите години градот го доживеал својот економски и демографски подем. Луѓе од целата земја доаѓале да работат во него. За време на таканаречениот „Преродбен процес“ (1984-1989) во градот насилно биле населени одреден број семејства на бугарски Турци од реонот на Крџали и Лудогорието.

Модерниот град се состои од два различни дела — населбата „Христо Ботев“ на запад, наследник на првобитното село и речиси целосно изграден со куќи, и населбата „Мињор“ на исток, изградена во средината на 20 век во локалитетот „Банковица“, каде што доминантна архитектура се станбените блокови.

Спорт[уреди | уреди извор]

ФК Мињор е бугарски фудбалски клуб од Бобов Дол. Игра во Б групата, а натпреварите ги игра на стадионот „Николај Крстев – Шулц“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]