Прејди на содржината

Коњавска Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњавска Планина
Конявска планина
Ќустендил (во средината) и Коњавската Планина (во позадина).
Највисока точка
Надм. вис.1.487 м
Истакнатост930 м
Друго имеКонявска планина
Географија
Коњавска Планина на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецКоњавско-милевска група
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Коњавската Планина (бугарски: Конявска планина) — планина во западна Бугарија на околу 10 километри североисточно од Ќустендил и на околу 70 км југозападно од главниот град Софија. Највисоката и точка е врвот Виден (1.487 м). Таа е дел од Коњавско-милевска планинска група.

Географија

[уреди | уреди извор]

Планината е ограничена од запад од долината на реката Струма, на исток се соединува со Верила преку седлото Уши, а на север и на југ граничи со Радомирската и Ќустендилската котлина. Таа е со површина од 237 квадратни километри и просечна надморска височина 930 метри. Коњавска Планината се дели на четири дела - Ришки, Виденски, Колошки и Кориловски, со највисок врв Виден (1,487 м). Интересен објект во планината е Чокљово мочуриште. Тоа се наоѓа во близина на селото Драгомирово на 880 метри надморска височина и претставува најголемото тресетно мочуриште во Бугарија со површина 1,5 квадратни километри.[1]

Коњавската Планина е изградена главно од среднотријаски варовници, седиментни гранити и метаморфни карпи. Преовладуваат седиментните карпи и тоа заедно со блоковата раседна изградба на планината создава поволни услови за развој на карстен процес, како последица на што се случиле пештери и карстни извори. Од Коњавската Планина извираат многу притоки на реката Струма. Таа е природна граница на средоземното климатско влијание во Ќустендилската котлина. Тука расте претежно бука, цер, благун, габер, храстови и тревни формации. Северните падини се покриени со дабови и букови шуми, а јужните се слабо зашумени.

  1. „www.visit-kyustendil.eu - Коњавска Планина“. Архивирано од изворникот на 2012-03-15. Посетено на 2012-05-01.

Поврзано

[уреди | уреди извор]