Верила
| Верила | |
|---|---|
| Верила планина | |
Поглед од југ кон Верила со Витоша во позадина. | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.415 м |
| Друго име | Верила планина |
| Географија | |
| Место | |
| Матичен венец | Верило-Рујската група |
| Искачување | |
| Најлесен пат | Лесно планинарење. |
Верила (бугарски: Верила) е планина во западна Бугарија. Наоѓа се меѓу големите Рила и Витоша. Таа е сиромашна на води планина, со многу малку реки, кои поминуваат или извираат од неа. Оттука доаѓа и нејзиното име - од античкиот тракиски јазик, како антоним на името Рила што значело „планина со многу вода“.[1] Највисоката точка на Верила е врвот Голем Дебелец (1.415 м).
Географија
[уреди | уреди извор]Верила е дел од Верило-Рујската група која опфаќа 7 релативно ниски планини, сместени помеѓу границата со Србија и Рила планина. Планината е дел од вододелното било меѓу Црноморскиот и Егејскиот базен, како и климатска граница помеѓу умереноконтиненталната клима на север и преходноконтинентален клима на југ. Верила е сиромашна на води. Тоа значело и нејзиното име во Антиката. Од неа потекнува само рекичка Тополница, која собира потоците Бајнова река, Kлисурата и Дренска река. Само во два од длабоките и долови на југ има постојана вода - Симчино и Шарбано.
Северните падини на планината се обраснати со убави букови шуми, а јужните со закелавели мешани шуми од даб, бука и леска, кои се поубави во југоисточната половина. Заобленото и било е покриено со убави пасишта и ливади, поволни за пролетна паша на овците.
Јужните падини на Верила кон Горно поле на Дупнишката котлина, се длабоко исечени од ерозионните процеси. Над заобленото и било се издига врвот Голем Дебелец (1.415 м).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Language of the Thracians, IV. The Thracian onomastics, A. Geographical names (A — N) Ivan Duridanov (англиски)
