Бобек Шуклев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 8 септември 1950
Гевгелија, СФРЈ денешна Македонија
Занимање академик, економист, планер

Бобек Шуклев е редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и член на Academia Servorum Scientiae. Основоположник и доајен на науката за менаџмент во Македонија и во регионот, поради што е познат како македонскиот Питер Дракер. На Првиот и Вториот циклус ги предава предметите: Основи на менаџмент, Менаџмент на мал бизнис, Менаџмент и Корпоративно управување.

Биографија[уреди | уреди извор]

Научна преокупација на Проф. Бобек Шуклев претставува подрачјето на деловното планирање, менаџментот, менаџментот на мали претпријатија и стратегискиот менаџмент.Тој има објавено 34 учебника и преку 130 научно-истражувачки трудови и статии во САД, Австралија, Велика Британија, Германија, Хрватска, Словенија и Србија, а бил раководител, организатор и учесник во повеќе меѓународни проекти и конференции. За редовен професор на Економскиот Факултет е избран на 28.09.1993 година, а претходно бил избран за асистент на професорот по Деловно планирање, Круме Михајлов. Професорот Шуклев беше Продекан, па Декан на Економскиот факултет-Скопје, 5 мандати по ред т.е. од 1.03.1996 до 14.09.2009 година. Проф. Шуклев е член на следниве тела Меѓународниот советодавен одбор за финансиско сметководство (International Advisory Board (IAB) to Financial Accounting), Goverment Research and Development Centre, International Editorial Board на Economic and Business Review во Љубљана, Словенија, Journal of East European Management Studies-JEEMS, Германија и на Editorial Board of International Journal Management, Belgrade. Тој е раководител на МБА – Менаџмент и шеф на Катедрата за Менаџмент. Тој има остварено студиски престој на преку 100 престижни универзитети и тоа како визитинг-истражувач, визитинг-професор, предавач на додипломски и последипломски студии. Професорот Шуклев бил и сеуште е член на органи на управување на поголем број успешни македонски компании, каде што со своето знаење и стручност, придонел за развојот на индустрискиот и банкарскиот сектор во Македонија. Покрај тоа што професорот Шуклев и научно и практично се занимавал со подрачјето на планирањето, како член на бројни државни и сојузни тела, тој исто така е еден од првите експертите во Македонија кој поседува врвна лиценца за проценување од меѓународен карактер. За својата досегашна работа е одликуван со наградата "Гоце Делчев", како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката за трудот Менаџмент, доделена на 4.05.2000 година. Поради големите заслуги кои Професорот Шуклев ги има за етаблирање на научниот систем на менаџментот во Македонија, со право може да се каже дека тој претставува најдобар економист од средната генерација во Македонија.

Студиски престои[уреди | уреди извор]

Професорот Шуклев има остварено студиски престој на преку 100 престижни универзитети и тоа како визитинг-истражувач, визитинг-професор, предавач на додипломски и последипломски студии. Некои од позначајните студиски престои се:

Престојувал како визитинг истражувач на California State University, Chico-USA (август 1979-јуни 1980);

  • Визитинг професор на Macquarie University, Sidney - Australia (март - септември 1992);
  • Визитинг професор истражувач на Arizona State University, Tempe-USA (август - декември 1995).
  • London School of Economics, London-Great Britain (септември 1981);
  • Martin Luther Universitat, Halle - Germany (април 1987, септември 1989, октомври 1990 и октомври 1991);
  • Economics-Law Faculty, University of Bon-Germany (декември 1996);
  • Sarbriken University, Sarbriken-Germany (април 1997);
  • DePaul University, Chicago-USA (декември 1997);
  • Northern Illinois University, Chicago-USA (декември 1997);
  • Royal Nivra, Amsterdam - Holland (март 1998);
  • Nijenrode University, Amsterdam - Holland (март 1998);
  • Wolverhampton University, Wolverhampton, Great Britain (април 1998);
  • University of Lodz, Lodz - Poland (октомври 1998),
  • Staffordshire University, Business School, Stoke-on - Trent, Great Britain (мај 1999),
  • University of Iceland, Faculty of economics and business administation, Reykjavik, Iceland (ноември 1999),
  • University of Nant, Nant, France (март 2000),
  • University of Antwerpen, Antwerpen, Belgium (март 2000)
  • Ohio University, College of Business, Athens, Ohio, USA (мај 2000),
  • Staffordshire University, Business School, Stoke-on - Trent, Great Britain (август 2001),
  • Sorbonne Nouvelle, Universite Paris III, Paris- France (февруари 2001),
  • Universite Jean Moulin Lyon 3, Lyon France (февруари 2001),
  • Faculte des Sciences Economiques et de Gestion, Universite de Nantes, Nantes-France (февруари 2001),
  • Правен факултет на Универзитетот во Нови Сад, СР Југославија (април 2001),
  • Fontys University of Professional Education, Eindhoven, The Nederlands (јуни 2001),
  • Fontys University of Professional Education, Eindhoven, The Nederlands (август 2001),
  • Universite Jean Moulin Lyon 3, Lyon France (ноември 2001),
  • Universite Rennes 2, Rennes, France (ноември 2001),
  • Fontys University of Professional Education, Eindhoven, The Nederlands (октомври 2002),
  • Universite Rennes 2, Rennes, France (март 2003),
  • International University of Monaco, Monaco (април 2003),
  • Ohio University, College of Business, Athens, Ohio, USA (мај 2003),
  • Universitat Humboldt zu Berlin, Berlin, Deutschland, (септември 2003),
  • Universitat Leipzig, Leipzig, Deutschland (септември 2003),
  • Faculdade de Economica da Universidade Nova de Lisboa, Lisbon, Portugal ( јануари 2004),
  • Fontys University of Professional Education, Eindhoven, the Nederland ( мај 2004 ),
  • American College of Thessalonica, Thessalonica, Greece ( мај 2004 ),
  • Faculty of Economics and Business Administration, University of Iceland, Reykjavik-Iceland ( септември 2004 ),
  • Faculte des Sciences Economiques,Universite Rennes 1, Rennes, France ( април 2005 ) ,
  • Facolta di Economia,Universita degli studi di Roma Tor Vergata, Roma, Italy ( мај 2005 ),
  • Facolta di Economia Federico Caffe , Universitadegli studi Roma Tre, Roma, Italy ( мај 2005 ),
  • PMB Meeting West Vlanders, Brugges, Belgium ( мај 2005 ),
  • Arizona State University ,W.P.Carey - College of Business, Tempe, USA ( јули 2005),
  • Academia Servorum Scientiae, Milano,Italy (декември 2005 )
  • Faculty of Economics,University of Ljubljana, Ljubljana, Slovenia ( март 2006 ),
  • Visting professor New European Master “Banking and Entrepreneurship” Conegliano – Treviso, Italy ( март 2006 ),
  • AACSB & EFMD Conference , Paris, France ( април 2006 )
  • Buckinghamshire Chilterns University College, Brunel University, London, Great Britain external Examiners for Ph.D. Thesis (мај 2006 ),
  • Uniteh .net. com, Berlin, Germany ( мај-јуни 2006 ),
  • Fontys University of Professional Education, Eindhoven, The Nederlands ( август 2006 ),
  • Universidad Carlos III,de Madrid, Facultad de Ciencias Sociales y Jyridicas,Departamento de Estatistica y Econometria, Madrid, Spain ( ноември 2006 ) ,
  • Facolta di Economia “Federico Caffe’ “, Universita’degli studi Roma Tre,Roma,Italy ( ноември 2006 ),
  • Universite Paris 1 ,Pantheon-Sorbone,Institute D’Administration Des Entreprises De Paris - IAE,Paris, France ( декември 2006 ),
  • University College West Vlaanderen,department Simon Stevin,Brugge,Belgium ( февруари 2007 ),
  • 3rd General Assembly of the Association of South Eastern Europe Economic Universities (ASECU), Thessaloniki,Greece (април 2007 ),
  • Universite Paris 1 ,Pantheon-Sorbone,Institute D’Administration Des Entreprises De Paris - IAE,Paris, France ( април 2007 ),
  • Facolta di Economia “Federico Caffe’ “, Universita’degli studi Roma Tre,Roma,Italy ( април 2007 ),
  • Fontys University of Professional Education , Eindhoven, The Nederlands ( септември 2007 ),
  • World customs organization, WCO,Brusseles,Belgium ( октомври 2007 ),
  • Universidad Carlos III,de Madrid, Facultad de Ciencias Sociales y Jyridicas, Departamento de Estatistica y Econometria, Madrid, Spain ( октомври 2007 ),
  • Fontys University of Professional Education , Eindhoven,The Nederlands ,Lecturing at master studies E-business management-distance learning, ( октомври 2007 ),
  • University College West Vlaanderen,department Simon Stevin,Brugge,Belgium ( јануари 2008 ),
  • Riga technical University,Faculty of engineering economics ,Riga,Latvia ( март 2008 ),
  • Facolta di Economia “Federico Caffe’ “, Universita’degli studi Roma Tre, Roma,Italy ( април 2008 ),
  • Facolta di Economia “Federico Caffe’ “, Universita’degli studi Roma Tre, Roma,Italy ( септември 2008 ),
  • WCO,London, UK ( октомври 2008 ),
  • Eduniversal World Convention,Paris,France ( ноември 2008 ).

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Бобек Шуклев e добитник на многу меѓународни награди и признанија, меѓу кои:

  • март 2004 - Dean Member Country Ambassador, DEAN / Deans European Academic Network, Brussels, Belgium;
  • октомври, 2004 - Диплома, 2000 Outstanding Intellectuals of the 21st Century, International Biographical Centre, Cambridge, England;
  • октомври 2004 - Диплома, 21st Century Award for Achievement, International Biographical Centre, Cambridge, England;
  • декември, 2005 – Диплома со титула, Noble Laureate, American Biographical Institute, Inc., North Carolina, USA;
  • декември 2005 - Accademico di Classe, Academia Servorum Scientiae, Milano, Italy;
  • јануари, 2006 - The Lifetime of Achievement One Hundred 2005 (absolute foremost biographies), International Biographical Centre, Cambridge, England.

Творештво[уреди | уреди извор]

Бобек Шуклев, во досегашната плодна научно-истражувачка дејност, во авторство и коавторство, ги има издадено следниве книги:

  • Методологија за изработка на тековен план (1986),
  • Економско предвидување (1986),
  • Планирање и анализа (1988),
  • Тековно планирање на претпријатијата (1989),
  • Планирање во претпријатијата (1993),
  • Менаџмент лексикон, I издание (1993),
  • Деловно планирање, I издание (1993),
  • Менаџмент, I издание (1993),
  • Планирање и деловна политика на претпријатијата(1995),
  • Менаџмент лексикон, II издание (1996),
  • Стратегиски менаџмент (1996),
  • Деловно планирање, II издание (1997),
  • Менаџмент, II издание (1998),
  • Менаџмент, III издание (1999),
  • Менаџмент на мал бизнис, (2000),
  • Менаџмент на мал бизнис II издание (2001),
  • Стратегиски менаџмент II издание (2001),
  • Деловно планирање, III издание (2002),
  • Менаџмент на мал бизнис, III издание (2003).
  • Менаџмент, IV издание, (2004),
  • Менаџмент, за IV година гимназиско образование во коавторство со м-р Маја Шуклева( 2005 ),
  • Менаџмент,V издание, (2008),
  • Корпоративно управување редактор и автор (2008),
  • Нобеловци по економија 1969-2008, II издание (2008),
  • Организациско однесување, коавторство (2009),
  • Деловно планирање, IV издание, коавторство (2009),
  • Менаџмент,VI издание, (2010),
  • Корпоративно управување (прв учебник од оваа дисциплина во Македонија), (2011)
  • Менаџмент на мал бизнис, IV издание (2011),
  • Менаџмент,VII издание, (2011),
  • Менаџмент на мал бизнис и претприемништво (на албански јазик, во коавторство), (2012),
  • Деловно планирање, V издание, коавторство (2013),
  • Менаџмент (2013)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]