Беретка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Американски воен стрелец носи беретка на главата

Беретка (англиски: beret) понекогаш именувана како баретка[1] е мек, кружен тип на капа. Тие обично се изработени од филц или сличен материјал. Многу беретки биле направени во 19 век во Франција и Шпанија. Беретките се носат како дел од униформата на многу воени и полициски единици низ целиот свет. Многу други организации носат беретки за различни намени.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Археологијата и историјата на уметноста покажуваат дека капите слични на модерната беретка се носеле уште од бронзеното време низ Северна Европа и дури на југ, како антички Крит и Италија, каде што ги носеле Минојците, Етрурците и Римјаните. Таквите капи биле популарни меѓу благородништвото и уметниците низ Европа и низ целата модерна историја.[3]

Воените беретки за првпат биле усвоени од француските алпски ловци во 1889 година.[4] Откако ги видел овие за време на Првата светска војна, британскиот генерал Хју Ел ја предложил беретката за употреба во новоформираниот полк за кралски тенкови. Му биле потребни капи што ќе останеле на главата додека се искачуваале од и надвор од малите отвори на тенковите. Тие биле одобрени за употреба од кралот Џорџ V во 1924 година. Оттогаш, беретките станале популарни низ целиот свет.[5]

Носење[уреди | уреди извор]

Че Гевара со беретка

Беретката цврсто се вклопува околу главата и може да се „обликува“ на различни начини - во Америка најчесто се носи туркана на едната страна. Во Средна и Јужна Америка, локалниот обичај обично го пропишува начинот на носење беретка. Не постои универзално правило и постарите господа обично ја носат квадратно на главата, ставајќи ја напред. Може да ја носат и мажи и жени. Че Гевара носел беретки.

Виетнам[уреди | уреди извор]

Беретката била донесена во Виетнам за време на француската колонизација и била прифатена како машка капа од народот Нунг, Теј и Као Лан.

Франција[уреди | уреди извор]

Црната беретка некогаш се сметала за национална капа на Франција во англосаксонските земји. Повеќе не се носи како порано, но останува силен знак за локален идентитет на југозападот на Франција. Кога Французите сакаат да се претстават себеси како „типичен просечен Французин“ во Франција или во странска земја, тие често го користат овој стереотип од англосаксонските земји.[6] Денес има три производители во Франција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „баретка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Килгур, Рут Едвардс. Избор на капи антички и модерни. R. M. McBride Company, 1958 година.
  3. Чико, Беверли (2005). „Беретка“. Во Стил, Валери (уред.). Енциклопедија за облека и мода. 1. Томсон Гејл. стр. 149–150. ISBN 0-684-31394-4.
  4. Моло, Џон. Воена мода. стр. 200. ISBN 0-214-65349-8.
  5. Форти, Џорџ. Сликовна историја на полкот за кралски тенкови, Халсгроув Паблишинг 1988, ISBN 978-1-84114-124-4
  6. Во филмот Луд за љубов снимен по Втората светска војна во Нормандија, херојот носи обична капа на почетокот на филмот, но потоа се менува за беретка, за да направи да изгледа „повеќе Французин“. Подоцна една госпоѓа го бара во селото и ги прашува сите: „Дали сте виделе како поминува еден човек оттука кој носи беретка?“