Белина (интерпункција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
( )

Интерпункција

апостроф ( ' )
загради ( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки ( : )
запирка ( , )
црта ( , , , )
три точки ( , ... )
извичник ( ! )
точка ( . )
закосени наводници ( « » )
цртичка ( -, )
прашалник ( ? )
наводници ( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка ( ; )
коса црта ( / )
знак ⁄ ( )
Одделување на зборови
празно место ( ) () () ( ) () () ()
интерпункт ( · )
Општа типографија
амперсанд ( & )
знак ет ( @ )
ѕвездичка ( * )
обратна коса црта ( \ )
потточка ( )
карета ( ^ )
валута општ: ( ¤ )
особени: ฿, ¢, $, , , £, , ¥, ,
крст ( , )
степен ( ° )
превртен извичник ( ¡ )
превртен прашалник ( ¿ )
тараба ( # )
знак за нумеро ( )
реден показател (º, ª)
отсто и сл. ( %, ‰, )
нов ред ( )
прим ( )
отсечок ( § )
тилда ( ~ )
преглас ( ¨ )
долна црта ( _ )
вертикална/испрекината црта ( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам ( )
индекс ( )
знак ∴ ( )
знак ∵ ( )
интеробанг ( )
знак за иронија ( ؟ )
ромб ( )
знак за референца ( )

Во пишувањето (празното место) е правописен знак.

Се употребува: помеѓу зборовите за означување крај на зборот; На пример: Денеска е многу студено.

зад интерпункциските знаци: точка, запирка, точка и запирка, две точки, три точки, прашалник и извичник. кај датумите, ако месецот е напишан со римски број: 29.X 2018 г.; кај скратувањата, помеѓу два или повеќе скратени збора: и др., и сл.; помеѓу иницијали: Ј. Х. К. Џинот; при математички операции, пред и зад знакот: 22 — 12 = 10; меѓу бројот и знакот на мерната единица: 25 кг, 30 °C; (Ако се обележува степен на агол или географска ширина, тогаш не се остава празно место меѓу бројот и знакот:

На пример: агол од 45°).

меѓу бројот и знакот за процент или промил: 5 ‰; меѓу бројот и ознаката за паричната единица: 200 МКД, 100 €; пред и зад знакот за параграф: в. § 5. Белина не се употребува: пред реченичните знаци: точка, запирка, точка и запирка, две точки, три точки, прашалник и извичник; помеѓу наводниците, полунаводниците, заградите и текстот што е во нив; На пример: Не го прочтав романот „Крпен живот“.

меѓу десниот наводник, полунаводник, вториот дел од заградата и знакот што следува по нив; На пример: „Дојдете веднаш!“, рече таа и ја тресна вратата.

кај скратувањата, меѓу двете компоненти на сложен збор или полусложенка: т.н. (таканаречен), зам-дир. (заменик-директор). пред и зад косата црта кај сложените мерни единици и дропките: 60 км/ч, 4/5. зад запирката кај децималните броеви: 3,14. меѓу бројот и ознаките за позитивен и негативен број: -4, +20. зад двете точки при одвојување часови од минути и минути од секунди: 19:30 часот, 3:22 минути. кај апострофот пред самогласното р: ‘ржи, ‘рти. кај датумите, меѓу составните делови, ако месецот е напишан со арапска цифра: 30.10.2018 г[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "makedonskijazik.mk".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]