Превртен прашалник и извичник
¿ ¡ | |
---|---|
Превртен прашалник Превртен извичник | |
На Уникод | U+00BF ¿ превртен прашалник U+00A1 ¡ превртен извичник |
Превртен прашалник ¿ и превртен извичник ¡ ― интерпункциски знаци кои се користат за започнување прашални и извични реченици или клаузули на шпански и на некои јазици кои имаат културни врски со Шпанија, како што се астуриските и варајските јазици.[1] Почетните знаци се пресликуваат на крајот од реченицата или клаузулата со „обичен“ прашалник ?, или извичник !.
Превртените ознаки се поддржани од различни стандарди, вклучувајќи ISO-8859-1, Unicode и HTML. Тие може да бидат внесени директно на тастатури дизајнирани за земји во се говири шпански.
Употреба
[уреди | уреди извор]
Превртениот прашалник ¿ се пишува пред првата буква од прашална реченица или клаузула за да покаже дека следи прашање. Тоа е свртен облик на стандардниот симбол „?“ препознаен од говорителите на други јазици напишани со латиница. Нормален прашалник се пишува на крајот од реченицата или клаузулата.
Превртената интерпункција е особено важна на шпанскиот јазик бидејќи синтаксата на јазикот значи дека и изјавите и прашањата или извиците би можеле да имаат ист формулар.[2] „Дали ви се допаѓа летото? и „Ви се допаѓа летото“. се преведуваат соодветно како „¿Te gusta el verano?“ и „Te gusta el verano.“ (Не секогаш постои разлика помеѓу формулацијата на прашањето да-не и соодветната изјава на шпански.)
Во речениците кои се и изјавувачки и прашални, клаузулата што поставува прашање е изолирана со превртениот прашалник со почетниот симбол, на пример: „Si no puedes ir con ellos, ¿quieres ir con nosotros?“ („Ако не можете да одите со нив, дали би сакале да одите со нас?“), а не „¿Si no puedes ir con ellos, quieres ir con nosotros?“ Ова помага да се препознаат прашањата и извиците во долги реченици.
За разлика од завршните ознаки, кои се печатат по основната линија на текстот, превртените ознаки (¿ и ¡) се спуштаат под линијата.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1668 година, Џон Вилкинс предложил користење на превртениот извичник „¡“ како симбол на крајот од реченицата за означување на иронија. Тој бил еден од многуте, вклучувајќи го и Десидериус Еразмус, кој сметал дека има потреба од таков интерпункциски знак, но предлогот на Вилкинс, како што бил случај и со другите обиди, не успеал.[3][4]
Превртените ознаки првично биле препорачани од Кралската шпанска академија (Real Academia Española), објавени во второто издание на Правопис на кастиљскиот јазик (Ortografía de la lengua castellana) во 1754 година[5] препорачувајќи го како симбол што означува почеток на прашање на пишан шпански - на пр. „¿Cuántos años tienes?“ („Колку години имаш?“). Кралската академија, исто така, го нарачала истиот систем со превртени симболи за искази на извичник, користејќи ги симболите „¡“ и „!“.
Овие нови правила полека биле усвоени; има книги од 19 век во кои писателот не користи ниту „¡“ ниту „¿“.[се бара извор]
Присвојување
[уреди | уреди извор]Некои писатели го испуштаат превртениот прашалник во случај на кратко недвосмислено прашање како што е: „Quién viene?“ („Кој доаѓа?“). Ова е критериумот на галисиски[6][7] и порано на каталонски.[8] Одредени власти на каталонски јазик, како што е Жоан Сола и Кортаса, инсистираат да се користат прашалниците за отворање и затворање за јасност. Тековниот начин на Иститутот за каталонски студии е да не се користат превртените ознаки.[9]
Некои писатели на шпански јазик, меѓу кои и нобеловецот Пабло Неруда (1904–1973), одбиваат да го користат превртениот прашалник.[10]
Вообичаено е на друштвените мрежи да се изостави превртениот прашалник бидејќи заштедува време на пишување. Некои, исто така, го користат симболот за завршување и за почеток и за крај, вака: “?“?. Други може дури да ги користат и почетните и затворачките прашалници, но на крајот од реченицата, давајќи „Por qué dices eso¿?“ или „Por qué dices eso?“. Со оглед на неформалниот амбиент, ова може да биде неважно; сепак, наставниците го гледаат ова како проблем, плашејќи се и тврдејќи дека современите млади студенти несоодветно и неправилно ја прошируваат практиката на академски домашни задачи и есеи.
Мешавини
[уреди | уреди извор]На шпански е прифатливо да се започне реченицата со воведен превртен извичник („¡“) и да се заврши со прашалник („?“), или обратно, за изјави кои се прашања, но имаат и јасна смисла за извичник или изненадување како: ¡Y tú quién te crees? („¡А кој мислиш дека си?“ ). Вообичаено, се користат четири знаци, секогаш со еден вид во надворешната страна, а другиот во внатрешната страна (вгнездени) (¿¡Y tú quién te crees! ¿¡Y tú quién te crees!, ¡¿Y tú quién te crees? ¡¿Y tú quién te crees?[11])
Уникод 5.1 исто така вклучува U+2E18 ⸘ inverted interrobang, што е превртена верзија на прашалник-извичник, нестандарден интерпункциски знак што се користи за означување и возбуда и прашање во еден глиф.
Користење на сметач
[уреди | уреди извор]Кодирање
[уреди | уреди извор]Обете ¡ и ¿ се сместени во рамките на Заедничкиот уникод блок, и двете се наследени од ISO-8859-1:
- U+00A1 ¡ INVERTED EXCLAMATION MARK
- U+00BF ¿ INVERTED QUESTION MARK
Знаците се појавуваат и во повеќето проширени ASCII шифрирања.
Во Windows, превртениот прашалник е валиден во името на датотеката или директориумот, додека нормалниот прашалник е резервиран знак што не може да се користи.
Пишување на знакот
[уреди | уреди извор]¿ и ¡ се достапни на сите тастатурни распореди за шпанскогласните земји. Паметните телефони обично ги нудат овие знаци ако со стискање ги задржите ¿ или ¡ на екранската тастатура. Самопоправањето вообичаено ќе го направи нормално напишаниот знак на почетокот на реченицата, во превртен знак.
На системи со копче AltGr (актуелно или емулирано преку десното копче Alt) и множество за мапирање со проширена (или „меѓународна“) тастатура, до симболите може директно да се пристапи, иако низата варира во зависност од оперативниот систем и местоположбата: на пример на Windows и QWERTY, употреба на копчињата AltGr+1 и AltGr+/; на Chrome OS со UK-Extended, упортреба на AltGr+⇧ Shift+1 и AltGr+⇧ Shift+-.
¡ | ¿ | |
---|---|---|
Windows | Alt+173 Alt+0161 |
Alt+168 Alt+0191 |
Microsoft Word | Ctrl+Alt+⇧ Shift+1 | Ctrl+Alt+⇧ Shift+/ |
Linux | Compose!! Ctrl+⇧ Shift+uA1 |
Compose?? Ctrl+⇧ Shift+uBF |
macOS | ⌥ Option+1 | ⌥ Option+⇧ Shift+/ |
HTML | ¡ ¡ |
¿ ¿ |
LaTeX | !` \textexclamdown |
?` \textquestiondown |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ De Veyra, Vicente I. (1982). „Ortograpiya han Binisaya“. Kandabao: Essays on Waray language, literature, and culture.
- ↑ Rosetta Stone Inc. (5 септември 2019). „What's Up With The Upside Down Question Mark?“. rosettastone.com. Посетено на 22 септември 2022.
- ↑ Houston, Keith (24 септември 2013). Shady Characters: The Secret Life of Punctuation, Symbols, and Other Typographical Marks. W. W. Norton. стр. 214. ISBN 978-0-393-24154-9.
- ↑ Popova, Maria (27 септември 2013). „Ironic Serif: A Brief History of Typographic Snark and the Failed Crusade for an Irony Mark“. Brain Pickings. Посетено на 22 септември 2022.
- ↑ „Ediciones de la Ortografía Académica“ [Editions of the Academic Orthography] (PDF). Real Academia Española.
- ↑ „7. Os signos de interrogación e de admiración“. Normas ortográficas e morfolóxicas do idioma galego [Orthographic rules and morphology of the Galician language] (галисиски) (23ª. изд.). Real Academia Galega. 2012. стр. 27. ISBN 978-84-87987-78-6. Посетено на 22 септември 2022.
Para facilitar a lectura e evitar ambigüidades pode-rase indicar o inicio destas entoacións cos signos ¿ e ¡, respectivamente.
[мртва врска] - ↑ „A posición do signo de interrogación (?) e exclamación (!)“ [The position of the question mark (?) and exclamation mark (!)]. Portal das Palabras. 21 октомври 2017. Посетено на 22 септември 2022.
- ↑ Institut d'Estudis Catalans (1996), „Els signes d'interrogació i d'admiració (Acord de l'11 de juny de 1993)“, Documents de la Secció Filològica, III, стр. 92–94, Архивирано од изворникот на 6 септември 2011
- ↑ Josep M. Mestres, Joan Coste, Mireira Oliva, Ricard Fité (2009), „Els signes d'entonació inicials“ (PDF), Manual d'estil. La redacció i l'edició de textes. (4. изд.), стр. 197–200CS1-одржување: користи параметар authors (link)[мртва врска]
- ↑ Pablo Neruda, „Antología Fundamental“. Архивирано од изворникот на 25 април 2012. Посетено на 22 септември 2022. (556 KB), (June 2008). ISBN 978-956-16-0169-7. p. 7 (на шпански)
- ↑ на Кралската шпанска академија (на шпански)
|