Прејди на содржината

Базилика Свети Стефан

Координати: 47°30′03″N 19°03′14″E / 47.500833° СГШ; 19.053889° ИГД / 47.500833; 19.053889
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Базилика Свети Иштван)
Базилика Свети Стефан/Свети Стефан
Основни податоци
МестоБудимпешта, Унгарија
Координати47°30′03″N 19°03′14″E / 47.500833° СГШ; 19.053889° ИГД / 47.500833; 19.053889
ПрипадностРимски католицизам
Архитектонски опис
Архитектонски стилНеокласика
Завршен1905
Особености
Должина87,4 м
Ширина55 м
Висина (најг.)96 м

Базиликата Свети Стефан или Свети Иштван (унгарски : Szent István-bazilika) е базилика/црква која се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1905 година во неокласичен стил, и е посветена на првиот унгарски крал Стефан I (или Стефан I), чија мумифицирана рака се чува во базиликата.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Своето име црквата го има добиено од унгарскиот светец, а воедно и прв крал на Унгарија Стефан I (975–1038 год.), чија мумифицирана десна рака е чувана во посебен кивот во базиликата.

Еднаква со зградата на унгарскиот парламент, таа е една од двете највисоки згради во Будимпешта, висока 96 m. Според последните пресметувања не постои повисока зграда во градот од 96 m.[1] Има широчина од 55 m и должина од 87.4 m. Нејзината изградба била довршена во 1905 година, после 54 години градење. Голем дел од ова одложување му се припишува на колапсот на куполата во 1868 година, која барала целосно уривање на завршените работи и обнова од земјата нагоре.

Архитектонскиот стил е во неокласична архитектура; а земниот план е во форма на грчки крст. Фасадата е всидрена со две големи бели ѕвона. Во јужната кула се наоѓа највисокот ѕвоно во цела Унгарија, кое тежи околу 9 тони. [2] Неговиот претходник имал тежина од околу 8 тона, но бил употребуван за воени цели за време на Втора светска војна. Посетителите можат да пристапат до куполата со лифт или ако сакаат да имаат поглед на Будимпешта од 360° треба да се искачат по 364 скалила.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. http://budapest-travel-blog.blogspot.com/2010/05/parliament-of-hungary-number-one-must.html Архивирано на 11 февруари 2017 г. - Monument Overview: The Parliament
  2. www.hungarybudapestguide.com/budapest/basilika.php - About Saint Stephen's Basilica

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]