Прејди на содржината

Базилика Санта Марија дела Салуте

Координати: 45°25′51″N 12°20′04″E / 45.43083° СГШ; 12.33444° ИГД / 45.43083; 12.33444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Базилика Санта Марија дела Салуте
Basilica di Santa Maria della Salute
Основни податоци
МестоВенеција, Италија
Координати45°25′51″N 12°20′04″E / 45.43083° СГШ; 12.33444° ИГД / 45.43083; 12.33444
ПрипадностРимокатоличка црква
Осветен1681
Статусактивна
Архитект(и)Балдасаре Лонгена
Архитектонски типцрква
Архитектонски стилБарок
Поставен темел1631
Завршен1687
Особености
Должина70 метарs (230 ст)
Ширина47 метарs (154 ст)

Базиликата Света Богородица на здравјето (италијански: Santa Maria della Salute) е црква која се наоѓа во Венеција, Италија. Христијанскиот храм се наоѓа на влезот од Големиот канал во градот и плоштадот Свети Марко.

Според информации, оваа црква претставува најфотографираниот објект во градот и најголема туристичка атракција.

Во текот на 1629 година, Венецијанската Република била опфатена со голема епидемија, по кое две третини од вкупниот број на население починало. Молитвите на Свети Рок и Свети Лоренцо не успееле да ја сопрат епидемијата. Претходно земјата била завладеана од друга епидемија, во периодот од 1575-1576 година, кога починале 46.000 луѓе. Тогашната власт како знак за благодарност за крајот на епидемијата, му дала задача на Андреја Паладио да ја изгради црквата Ил Реденторе[1]. Името на новата црква било посветена на заштитникот на Републиката, Богородица Марија.

Исто така од страна на сенатот било одлучено секоја година на 21 ноември во црквата да се одржува литургија. Оваа процесија денеска е позната како Феста дела Мадона дела Салуте, денеска учествуваат сите венецијански функционери.

Оваа двокуполна црква на полуостровот помеѓу Големиот канал итн. „Сплавови“ е една од најпознатите знаменитости на градот. Главниот влез на црквата, обликуван по пример на римските триумфални арки, подоцна станал предмет на имитација во неколку последователни катедрали во Венеција и пошироко.

  1. Avery, Harold (1966). „Plague churches, monuments and memorials“ (PDF). Proc. R. Soc. Med. 59 (2): 110–116. PMC 1900794. PMID 5906745.