Бабура
| Бабури | |
|---|---|
| Пиперки - бабури растат на нива во Пелагонија, Македонија | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Ред: | Зрновидни |
| Семејство: | Зрнци |
| Род: | Зрнец |
| Вид: | Пипер(ки) |
| Научен назив | |
| Capsicum annuum | |
Бабури (исто така позната како слатка пиперка, пиперка или capsicum / kæpsɪkəm /) — сортата на пиперки од видот Capsicum annuum. Сортите на растението на овој вид пиперка произведуваат плодови во различни бои, вклучувајќи црвена, жолта, портокалова, зелена, бела и виолетова. Бабурите понекогаш се групираат со помалку лути сорти на пиперка како „слатки пиперки“.
Потекло
[уреди | уреди извор]Пиперките потекнуваат од Мексико, Средна Америка и северниот дел на Јужна Америка. Семиња од пиперки биле увезени во Шпанија во 1493 година, а оттаму се ширеле во Европа и Азија. Благата пиперка бабура бил развиена во 1920-тите, во Сегед, Унгарија.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Претпочитаните услови за одгледување на пиперките бабури вклучуваат топла, влажна почва со умерена температура од 21 до 29 °C. Одгледувањето бабури е доста застапени во Македонија и тоа особено во: битолското поле во Пелагонија, Струмичко, Велешко и Скопско.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Бабурите се дел и од традиционалната исхрана во македонската кујна. Познатото јадење и специјалитет полнети пиперки, често се прави со бабури. Бабурите исто така се поткиселуваат и ставаат во различниа видови на туршија и зимница, како и во мезиња каде бабури се ставаат во кисела павлака или урда.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Одгледување на бабури во нива во Пелагонија, Македонија
- Одгледување на бабури во нива во Пелагонија, Македонија